Црна хроника
Кумановка со нож го нападнала сопругот зашто сакал да го повреди нивното дете
Во куќа во кумановското село Табановце, вчера, во вечерните часови се случила семејна расправија со тешки последици.
Како што информираат од МВР, 23-годишната Ј. А. во текот на расправијата со остар предмет му нанела убодна рана на својот сопруг Љ. А. (25), кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете.
Тој бил пренесен во кумановската болница, каде што му биле констатирани тешки повреди.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец со нож тешко ја повредил 17-годишната девојка со која живеел во вонбрачна заедница
Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и вонбрачен живот со дете.
Тој, на 14.02.2026 околу 18 часот во Струга со нож ја нападнал девојката со која живеел во вонбрачна заедница.
Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта.
Црна хроника
За да го измамат Безбеден град ги криеле табличките, полицијата ги приведе
Полицијата лишила од слобода двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје.
МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик.
– Притоа лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А. кои управувале патнички возила „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 378 и 380 од Кривичниот законик, а констатиран е и еден прекршок по член 80 од Закон за оружје, се вели во информацијата.
Топ
Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола
Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, а од нив двајца малолетници.
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четири лица во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола затоа што управувале возило без возачка дозвола.
– Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои дејствија. Одземени се патничките возила и на другите возачи кои возеле без возачка дозвола, соопшти МВР.
По еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила. По еден возач во Македонска Каменица, гевгелиско, Струмица и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјални штети.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите МВР најавува дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

