Скопје
Одбележување на Денот на жената 8 март во Музејот на македонската борба
НУ Музејот на македонската борба ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената 8 март, со специјална програма под наслов Жената борец за слобода и македонска државност.
Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија, музејот ќе им оддаде почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија – Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова.Програмата ќе ја збогатат специјалното учество на хорот и драмската секција на ООУ „Вера Циривири Трена“ од Скопје, музичките гости ансамблот „Македонија“ и студенти актери од Универзитетот за адуио и визуелни уметности ЕСРА од Скопје. Специјални гостинки на Музејот на македонската борба ќе бидат офицерки на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.Настанот ќе се одржи на во вторник со почеток во 12 часот, во конференцискатасала на Музејот на македонската борба./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

