Спорт
Чави: Потешко е од тоа што очекував, фудбалерите не го сфаќаат мојот фудбал
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, призна дека обидот да ја врати Барселона на врвот оди потешко од очекувањата бидејќи некои од неговите фудбалери не го сфаќаат стилот на фудбал што тој сака да го игра.
Барса победи во два од првите три меча под Чави, кој го замени Роналд Куман во ноември, но сега има три меча без победа, а со 3:0 поразот од Баерн Минхен испадна од Лигата на шампионите во Лига Европа првпат по 17 години, а во Ла Лига е на осмото место по 2:2 ремито со Осасуна.
„Да, работите се покажуваат потешки од очекувањата, но нема да запреме. Мораме да бидеме позитивни и да покажеме дека тимот се подобрува и дека сме на вистинскиот пат. Во некои од работите сме подобри, но резултатите не лажат. Сакам годината да ја завршиме со шест поени против Елче и Севилја“, вели Чави.
Тој признава дека некои од фудбалерите тешко се адаптираат на работата.
„Има недостиг на разбирање за фудбалот што сакаме да го играме. Има фудбалери што не ја сфаќаат играта на позиција, што е изненадувачки бидејќи се работи за фудбалери на Барселона. Продолжуваме позитивно и храбро. Мораме да притискаме кога ќе ја загубиме топката, да напаѓаме простор… Тоа го сакаме. Јасно му кажав на претседателот Жоан Лапорта што ни е потребно да го засилиме тимот. Тука сум еден месец, но јасно е дека некои работи мора да се менуваат. Мораме да се засилиме, особено во нападот“, објаснува тренерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

