Спорт
ФИФА планира да ја блокира Лигата на нации со јужноамерикански клубови
Светската фудбалска федерација (ФИФА) е подготвена да го блокира предлогот на УЕФА за проширена Лига на нација во која ќе учествуваат сите 10 јужноамерикански репрезентации, во продолжување на политичката борба за контрола на интернационалниот календар, јавуваат биртанските медиуми.
ФИФА подолго време ја планира промената на календарот со Светски првенства на секои две години, и верува дека ја има поддршката на мнозинството 211 национални федерации, но сега добива „контра“ од УЕФА и јужноамериканската ЦОНМЕБОЛ, кои потпишаа меморандум за соработка со организација на меч помеѓу шампионот од Копа Америка (Аргентина) и ЕП (Италија), наречен „Финалисима“ и со проширување на Лигата на нации.
Азиската фудбалска конфередерација (АФЦ) и ЦОНЦАЦАФ, конфедерацијата на репрезентациите од Северна и Централна Америка се фрустрирани од развојот на настаните и се подготвени да гласаат за СП на две години, додека ФИФА подготвува блокада на Лигата на нации и во исто време предложува нова Суперлига за национални тимови на состанокот на ФИФА во понеделник.
Десетте јужноамерикански нации ќе играат во Лигата на нации на УЕФА?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вориорс ги декласираа ЛА Клиперс
Пет натпревари се одиграа во НБА лигата во текот на ноќта. Ова се резултатите.
Голден Стејт Вориорс во Сан Франциско забележаа победа над ЛА Клиперс, во меч со малку поени. Вориорс славеа со 98:79.
Вориорс поведоа во првата четвртина, но пресвртот на Клиперс следеше во втората четвртина, ја добија со 24:13 и заминаа на полувреме (46:49).
Сепак, од средината на третата четвртина, Вориорс прво направија серија од 10:0, а потоа и 15:2 во самиот крај, а пред четвртата четвртина остварија убедливо водство (78:63).
Тие ја одржаа својата предност во последната четвртина и рутински победија.
До победата ги предводеше Џими Батлер со 21 поен со по пет скока и асистенции, по него следуваше Стеф Кари со 19 поени, два скока и осум асистенции, односно Брендон Подзиемски и Квинтен Пост со по 12 поени.
Кај Клиперс се истакна Џејмс Харден со 20 поени и четири скока, по него Кавај Ленард со 18 поени и пет скока, а двоцифрен број на поени имаше само Ивица Зубац, кој оствари дабл-дабл учинок со 14 поени и 13 скока.
Воините моментално се трети на Западот со резултат од 4-1, додека Клиперси се петти со две победи и исто толку порази.
Резултати:
Вашингтон Визардс – Филаделфија 134:139
Мајами Хит – Шарлот Хорнетс 144:117
Милвоки Бакс – Њујорк Никс 121:111
Оклахома Сити Тандер – Сакраменто Кингс 107:101
Голден Стејт Вориорс – Лос Анџелес Клиперс 98:79
Спорт
Нори го елиминира Аркараз од Мастерсот во Париз
Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го заврши својот настап на Мастерсот во Париз во второто коло.
Алкараз беше слободен во првото коло, а во второто, Камерон Нори беше подобар од него по пресврт со 4:6, 6:3, 6:4.
Нори направи изненадување и со тоа намали на 3:5 во меѓусебните дуели, одмаздувајќи му се на Шпанецот за поразот во четвртфиналето на Вимблдон оваа сезона.
По првиот сет, кој му припадна на Карлос, за кого беше доволен брејк во петтиот гем, се чинеше дека ова ќе биде рутинска победа за Алкараз.
Норис возврати во вториот, му го одзеде сервисот на својот ривал во четвртиот, а потоа спаси две брејк топки во следниот. Тоа беше доволно за да се израмни ма 1:1.
Нори пропушти две шанси за брејк во петтиот гем од решавачкиот сет, но успеа да направи брејк во седмиот.
Последниот напад на Алкараз беше одбиен во следниот гем, кога британецот спаси две врзани брејк топки, а малку подоцна го заврши натпреварот.
Во осминафиналето, Нори го чека подобриот од дуелот меѓу братучедите и финалистите на Мастерсот во Шангај, Артур Риндеркнеш и Валентан Вашеро.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Елмас стартер во победата на Наполи
Наполи, вложи многу труд за да забележи победа во првиот меч од 10-то коло во Серија А. Во Лече актуелниот шампион победи со 0:1. Наполитанците победија благодарение на голманот Вања Милинковиќ-Савиќ и стрелецот на голот Замбо Ангиса.
Наполи многу лесно можеше да биде поразен во Лече. Вања Милинковиќ-Савиќ во 55-та минута од натпреварот, му одбрани пенал на Камарда.
Наполи, го казни Лече за промашениот пенал, кога Давид Нерес во 69-та минута му асистираше на Ангиса, а Камерунецот го совлада Фалконе.
Освен овие два детали, немаше многу возбудувања на стадионот „Виа дел Маре“. Политано ја имаше најдобрата можност во првото полувреме за гостите во 30-та минута, фати волеј, но шутираше малку покрај стативата. Лече можеше да поведе во 45+2 минута, но дури и тогаш Камарда беше непрецизен, шутираше речиси над пречката од голот на Милинковиќ-Савиќ.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во стартниот сотав на Наполи, одигра добар натпревар, а беше заменет во 85-та минута.

