Скопје
Априлијада „Скопје се смее“ 2016 на градскиот плоштад

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје, во петок, во 11 часот, на плоштад „Македонија“, за сите училишта, градинки и деца на град Скопје, традиционално ја организираат манифестацијата „Априлијада“ – Скопје се смее.
Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје, во петок, во 11 часот, на плоштад „Македонија“, за сите училишта, градинки и деца на град Скопје, традиционално ја организираат манифестацијата „Априлијада“ – Скопје се смее.
Во дневниот дел од забавата со маски, ќе учествуваат многу кловнови, ќе има балони, песнички, игри, забава со секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на плоштад „Македонија“ ќе настапат: Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, групата The noise makers, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, а за крај Диџеј./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)