Црна хроника
Водачите на Франкфурт мафија заработија по 13 години затвор
По 13 години затвор добија Спасе Димовски – Ајдукот и Зоран Манасков – Скршениот, членови на Франкфуртската мафија, обвинети во случајот „Диригент“.
На изрекувањето на пресудите во вторник во Основниот суд Скопје 1, Томе Димовски-Томче доби 10 годишна затворска казна, додека пет години Дејанче Андушов-Слон.
Останатите 25 од вкупно 29-те обвинети добија пониски казни.
Најголем дел од обвинетите се од Скопје и Велес, а беа обвинети за продажба на хероин во Виена и Франкфурт.
Групата беше разбиена кон крајот 2010 година, во соработка меѓу македонската и австриската полиција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.