Скопје
Денови на Франкофонијата во Македонија
Во саботата и неделата на повеќе места во Македонија, како и на неколку локации во главниот град Скопје, се одржуваат низа активности во чест на одбележувањето на 20-ти март, односно Меѓународниот ден на Франкофонијата.
Во Младинскиот културен центар под мотото „Франкофонијата ти отвора врати!“ денеска и утре ќе се одржуваат голем број на активности во рамки на манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“.
Манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“ за отворена ја прогласија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и амбасадорката на Франција во Македонија, Лоранс Оер.
„Град Скопје како главен град на Република Македонија, е полноправна земја членка на Меѓународната организација на франкофонијата од 2006 година и ги поддржува и споделува францускиот јазик, култура и вредности. Во рамките на оваа организација Град Скопје негува пријателски односи со повеќе меѓународни франкофонски градови, мрежи на градови, асоцијации, здруженија и организации. Град Скопје е збратимен со француските градови Дижон и Рубе со кои негува успешна соработка“, рече градоначалникот Трајановски.
Амбасадорката Оер на отворањето на манифестацијата изјави дека франкофонијата во Македонија има долга традиција и се заблагодари на Градот Скопје за поддршката на активностите на француската амбасада и Францускиот институт во Скопје.
Таа се осврна на застапеноста и развојот на франкофонијата во Македонија, каде настава на француски јазик се одвива во основни и средни училишта во повеќе општини, на работењето на билингвална паралелка во средното училиште „Орце Николов“, како и континуираната соработка во областа на размена на ученици.
Во рамки на одбележувањето на „Денови на Франкофонијата во Македонија“ ќе се одржат голем број на интерактивни работилници и забавни активности за средношколци и студенти. Во холот на МКЦ пред присутните се претставија франкофонските компании и оператори во Македонија, а предавање на тема „Франкофонијата и глобализацијата“ одржа на Ив Монтене, специјалист по геополитика и менаџер.
Во сабота навечер во 20:30 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) концерт ќе одржи групата Фолтин, додека активностите во недела продолжуваат во трговскито центар „Рамстор“, каде во 11 часот ќе се одржи Саем на франкофонски оператори во Македонија./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




