Спорт
Барселона не може да го регистрира Феран Торес

Она што е 1.април во нaјголем дел во светот, тоа во Шпанија е 28.декември. На денот на шегата, „Мундо Депортиво“, објави дека Кристијано Роналдо и се нудел на Барселона. Ако оваа вест е шега, не е шега дека Барселона не може да го регистрира Феран Торес.
Феран Торес, вчера, во Барселона ги мина лекарските прегледи. Сепак клубот не може да го официјализира неговиот трансфер поради „административни причини“. Барселона има проблем со финасиsкиот ферплеј, пропiшан од Ла Лига. Мора да ослободи простор во буџетот за плати, за да го регистрира шпанскиот репрезентативец.
Барселона ќе го плаќа Торес 11.000.000 годишно. За да може да го регистрира ќе мора да се ослободи од неколку играчи.
Најдобрата варијанта е клубот да го напушти Филипе Кутињо. Бразилецот со 14.000.000 евра годишно, во моментов е најплатенiот играч во клубот. Се шпекулира дека клубот ќе го напушти и Самуел Умтити, чии годишни приходи изнесуваат 9.000.000 евра.
Барса мора да ослободи простор во буџетот, поради што клубот ќе го напуштат Лук Де Јонг и Јусуф Демир.
Барселона без проблеми го регистрираше Дани Алвес, но само поради тоа што Бразилецот се согласи да ја прима законски определената минимална месечна плата во Шпанија, која во оваа дејност изнесува 3.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA
Спорт
Голманот на Порто пред трансфер во Манчестер Сити

Манчестер Сити е блиску до потпишување на договорот со голманот на Порто и Португалија, Диого Кошта, тврди британскиот сервис Би-би-си.
Повикувајќи се на свои извори, Би-би-си, пишува дека Сити се согласил да ја активира откупната калузула во договорот на голманот која изнесува 75 милиони евра.
Според овој извор, Кошта веќе се согласил да се пресели во Манчестер Сити, а неговиот менаџер, Жорге Мендеш, моментално е во интензивни преговори со двата клуба за трансферот да се реализира што е можно поскоро.
Диого Кошта одигра 43 натпревари за Порто минатата сезона, прими 45 гола, на 19 натпревару не прими гол.
Foto/ EPA-EFE/ANNA SZILAGYI
Спорт
Легендарниот Уругваец ќе се пензионира

Легендарниот напаѓач Луис Суарез ќе стане слободен агент на крајот од оваа година, бидејќи му истекува договорот со Интер Мајами.
Како што пишува шпански „Ас“, Уругваецот размислува да стави крај на својата феноменална кариера по завршувањето на соработката. Суарез има 39 години и во последните неколку сезони има проблеми со коленото, што му отежнува да игра натпревари секоја недела.
Суарез би сакал да се збогува со Интер со освојување на титулата. Тој моментално е втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 34 гола, а првиот е Лионел Меси со 50.
Пред неколку недели, Суарез го објави новиот уругвајски клуб што го формираше заедно со Аргентинецот. Гласините сугерираат дека уругвајскиот напаѓач би можел целосно да се посвети на проектот, особено ако се пензионира.
Интер планира да стане поамбициозен во следните неколку месеци, бидејќи Светското клупско првенство покажа дека тимот не не конкурентен против некои од најдобрите тимови во светот.
Клубот е фокусиран Меси, односно да го убеди да остане, а потоа се засили со врвни играчи за да создадат конкурентен тим. Според најновите извештаи, Суарез не е дел од плановите.
Foto/ EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH