Топ
Загина брачна двојка, со автомобил излетале во реката Радика

На регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, на местото викано Скудрински мост, вчера во попладневните часови автомобил „југо“ излетал од коловозот и паднал во реката Радика.
Како што информираат од МВР, на местото на несреќата починале возачот М.Р. (63) од селото Житинени и сопатничката и негова сопруга М.Р. (60).
На местото на инцидентот извршен бил увид од екипа од полициската станица Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите сопружници биле предадени на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое по изведувањето на доказите и сослушување на сведоците, ќе има завршни зборови со кои постапката за насилството влегува во својата последна фаза, информираат од нејзиниот кабинет.
„Командант Барути Љамалари на вчерашното судење се обиде да поднесе кривична пријава за насилство извршено од моја страна врз него.
Тврди дека сум го тепала со лекарски извештај од дигестивен хирург изваден отпосле во градска болница, кој му дал потврда по негово кажување дека повреди имал на ногата ќутекот што го јадел од мене.
Судот и обвинителството вчера одбија од него да прифатат кривична пријава, со која командантов Барути Љамалари тврди дека сум го тепала“, вели Арсовска.
На утрешното судење, додава Арсовска, ќе има завршни зборови, искрено вели, би сакала од него уште еднаш гласно да слушне „како јадел ќутек“.
„Такво време дојде ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“.
Македонија
За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.
„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август. Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава“, вели Мицкоски.
Македонија
ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна кон диктатот на српскиот свет од оваа што денес ја води државата, велат од ДУИ.
Според оваа партија, јавните ставови на претставниците на Владата против Охридскиот договор, се претворени во пракса.
„Да се каже дека „е време за укинување на Бадeнтеровото мнозинство“, едeн од клучните столбови на уставниот поредок на државата, не е случајност.
За жал, секојдневно сè повеќе им се дава простор на политички партии или политичари кои имаат опасни идеи – дека мултиетничките држави не функционираат, дека треба да постојат „етнички чисти“ држави. Ваквите идеи и идејатори се крајно опасни затоа што ги влошуваат меѓуетничките односи и водат кон нивно рушење. Ние сме сведоци дека оваа Влада има агенда систематски да го напаѓа Охридскиот договор, што се покажа со низа потези: укинување на Балансерот и непочитување на правичната застапеност, непочитување на албанскиот јазик и Законот за употреба на јазиците, како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ Уставниот суд да го поништи Законот за јазици. Денес, иако постои Закон за употреба на јазиците, над 100 институции зборуваат само на еден јазик.
Понатаму, Владата неправедно го намалува бројот на советници во општините, со што се нарушува реалната застапеност на Албанците, спротивно на Уставот, Законот за локална самоуправа и одлуката на Уставниот суд“.
На почеток, велат од партијата на Ахмети, не ја почитуваа политичката волја на Албанците, ги избраа оние кои Албанците ги одбија.
„Потоа ја забранија употребата на националното знаме од државни функционери. Следно на удар беше албанскиот јазик. Потоа го нападнаа заштитниот механизам на правичната застапеност и го укинаа Балансерот. А сега читаме дека сакаат да го укинат и Бадентеровото мнозинство!
И овој план се реализира затоа што најдоа неколку Албанци кои за една функција се подготвени да се откажат од сè што има вредност за мултиетничката и унитарна држава“.
На 19 октомври, како што велат, народот ќе го даде својот одговор на референдумот. Според ДУИ, часот на политичката и правната одговорност се приближува.