Спорт
Конте побара засилувања во јануари: Знам кој треба да остане, а кој да замине

Антонио Конте побара од првите луѓе на Тотенхем да му обезбедат нови засилувања веќе во јануарскиот преоден рок посочувајќи му на бордот на кои позиции им се потребни нови фудбалери.
52-годишниот италијански стручњак, веднаш по пристигнувањето, најави дека неговиот тим не е доволно силен да се бори за висок пласман.
„Сигурно дека ни се потребни засилувања. Веќе по две недели, кажав дека треба да го засилиме тимот и тоа е јасно. Бев сигурен по 7 или 10 дена кога ја правев процената на кого можам да сметам од тимот. Разликата од најдобрите е многу голема и потребна е напорна работа да се изградиме како тим“, вели Конте.
Тоа исто така значи дека тој веќе направил список на фудбалери што може да заминат.
„Направив процена по два месеци работа со мотие фудбалери. Сега ситуацијата е многу појасна. Чекам состанок со клубот и да им ја објаснам ситуацијата“, вели Конте, кој во својата кариера честопати поставувал јасни барања за засилувања, но и носел успех (како во Челси и Интер), но и честопати си заминувал со конфликт со клубовите (како во Челси и Јувентус).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елшник ја напушта Црвена звезда, се сели во Турција

Репрезентативецот на Словенија, Тими Макс Елшник ја напушта Црвена звезда.
Играчот од редот за врска ќе ја продолжи кариерата во сè уште неименуваниот турски клуб, а српскиот шампион ќе заработи 4.000.000 евра од неговата продажба, објави „Моцарт Спорт“.
Продажбата на Елшнике првиот потег на раководството на клубот по елиминацијата од Пафос во плејофот за влез во Лигата на шампионите, а до крајот на преодниот рок се очекува уште некои играчи да ја напуштат „Маракана“.
Елшник дојде во Звезда минатото лето од Олимпија Љубљана за 1.500.000 евра, беше стандарден првотимец во тимот на тренерот Владан Милојевиќ и остави многу добар впечаток во црвено-белиот дрес.
Звезда уште порано ја најде замената на Елшник во ликот на Гамбиецот Махмуду Баѓо, кој дојде од словачката Дунајска Стреда за 3.500.000 евра, а тука се и младите играчи од клупската академија Васлије Костов и Јован Шљивиќ.
Од претходно беше познато дека напаѓачот Ндиаје за сума од 8 до 10.000.000 евра се сели во Обединетите Арапски Емирати, а десниот бек Сеол за 5.500.000 ќе замине во Шефилд Венздеј.
Спорт
Вардар во Струмица ќе му гостува на Шкупи

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, во рамките на четвртото коло, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се одигра утре, на стадионот „Младост“ во Струмица.
Шкупи ја избра Струмица како алтернативен терен за настап во четвртото коло, откако претходно ФФМ објави дека стадионот Чаир сѐ уште не ги задоволува стандардите за ВАР и за организација на натпревар од ПМФЛ.
„Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи и ФК Вардар ќе се одигра на 29 август (петок) на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 16:30 часот“, објавија од ФФМ.
Спорт
Николас Џексон се сели во Минхен

Николас Џексон е на чекор до трансфер во Баерн Минхен. Германските медиуми тврдат дека преговорите што ги водат клубовите се во завршна фаза.
Џексон веќе се согласил да се пресели во Минхен, Баерн е подготвен да ја преземе целата плата на сенегалскиот напаѓач.
За да биде финализиран трансферот Баерн и Челзи треба да ја договорат сумата за која би играл на позајмица оваа сезона.
Џексон е под договор со Челзи до летото 2033 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 50.000.000 евра.
Во последната сезона, сенегалскиот репрезентативец постигна 10 гола и пет асистенции во 30 натпревари од Премиер лигата.