Црна хроника
Пукање во „Хиподром“ – повредени три лица
Скопјанец синоќа по полноќ одел и пукал неконтролирано со автоматска пушка во скопската населба „Хиподром“ и повредил три лица кои му се испречиле на патот, соопшти МВР.
Најпрвин пукал кон автомобил „голф“ во кој се наоѓале дваесет и деветгодишен скопјанец и неговата девојка. Двајцата се здобиле со повреди од скршеното стакло на автомобилот од испуканите проектили и биле пренесени во Градска болница.
Потоа пукал кон „Рено лагуна“, при што повредил едно дваесет и двегодишно лице кое се здобило со повреди на главата.
Скопјанецот не застанал и продолжил да пука, алфите го уапсила во 1,20 часот во Маџари. Од МВР информираат дека дваесетгодишниот скопјанец бил познат деликвент, бил пријавуван за тешки кражби и разбојништва и тешки телесни повреди. /крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.
Црна хроника
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.
Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.
И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

