Спорт
Монако го шутна Нико Ковач

Францускиот прволигаш Монако му врачи отказ на хрватскиот тренер Нико Ковач, тврди француската новинска агенција АФП откако на руските газди на клубот им дојде преку глава од слабите резултати на клубот.
Поранешниот тренер на Баерн Минхен го презеде Монако од Роберто Морено во јули 2020 со тригодишен договор, со опција за уште една година, и лани ги предводеше до третото место во лигата зад шампионот Лил и Пари Сен-Жермен, но беше елиминиран бргу во Лигата на шампионите и во моментот е на шестото место во Лига 1 со 17 поени заостанување зад ПСЖ.
Покрај ова, според француските медиуми, во соблекувалната на клубот имало тензии и токсична атмосфера и јавен конфликт меѓу 50-годишниот тренер и капитенот Висам Бен Једер.
Ковач го предводеше Баерн до двојна титула во 2019 година, а претходно работеше и во Ајнтрахт Франкфурт и беше хрватски селектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер го освои турнирот „Шест кралеви“ и заработи шест милиони долари

Италијанецот Јаник Синер го победи Карлос Алкараз во финалето на турнирот „Шест кралеви“ во Ријад.
Неочекувано, мечот заврши за само еден час и 12 минути со резултат 2:0 (6:2, 6:4).
Актуелното најголемо соперништво во светскиот тенис не ја оправда тоа на теренот во Ријад, бидејќи италијанскиот тенисер играше на многу повисоко ниво.
Алкараз го загуби својот сервис во првиот гем, и оттаму добивме прва индикација во која насока оди овој меч.
Синер одигра навистина спектакуларно и го потврди брејкот, а набрзо направи уште еден, и веднаш на семафорот стоеше 5:1.
Иако Алкарас не се предаде, по само 27 минути бранителот на титулата го доби првиот сет.
Во вториот дел, Шпанецот успеа да одговори, да пружи отпор. Нерешено беше до седмиот гем.
Потоа Синер повторно успеа да му го одземе сервисот на противникот и многу успешно да ја зачува таа предност до крајот.
По само еден час и 12 минути тенис, Синер успеа да го прослави својот триумф и да ја одбрани титулата во Ријад.
Италија заработи неверојатни шест милиони долари за триумфот во Саудиска Арабија. Тој доби 1,5 милиони за учество, како и останатите тенисери, и уште 4,5 милиони за трофејот.
Спорт
(Видео) Интер ја победи Рома, го искористи поразот на Наполи за да се искачи на првото место

Фудбалерите на Интер барем на 24 часа ќе бидат лидери во Серија А. Ова е епологот по победата на Интер над Рома во Рим (1:0) и поразот на Наполи во Торино со истиот резултат.
Интер против Рома победи со голот на Бои во шестата минута по додавањето на Барела,.
Натпреварот по тој гол беше доста динамичен, со шанси на двете страни. Логично, Рома ја имаше иницијативата, се обиде да израмни, но не успеа во тоа.
Најблиску до гол Рома беше во 52-та минута кога шутот на Дибала го одбрани Зомер, потоа во 53-та минута кога шутираше Ермосо, но повторно Швајцарецот беше одличен.
И во 55-та минута, Зомер успеа да го одбрани добар обид на Дибала. Потоа, уште две можности за домашниот тим во истата 59-та минута, прво за Челик, кој шутираше покрај стативата од солидна позиција од десната страна, а потоа Довбик со глава од пет метри ја погоди топката над голот на Интер. Потоа, во 84-та минута, одлична можност имаше Мхитарјан, кој шутираше од 12 метри и ја погоди стативата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Еден корнер доволен за триумф на Арсенал кај Фулам

Фудбалерите на Арсенал го победија Фулам во малото лондонско дерби со 1:0 и повторно го зазедоа врвот на табелата.
Стрелец на единствениот гол на теренот покрај Темза беше Леандро Тросар, кој во 58-та минута во метежот се снајде најдобро, по еден корнер и го пронајде патот до мрежата.
Goal by Leandro Trossard pic.twitter.com/hnzUwNSZ2o
— Sport Klub (@sportklub) October 18, 2025
Тоа беше момент на одлука во натпревар кој беше претежно „еднонасочна улица“, и дури и тогаш можеше да се почувствува дека токму овој гол ќе направи разлика.
Играчите на Фулам не упатија ниту еден удар кон голот на гостите. Патем, ова е прв пат од ноември 2003 година ривалот на Арсенал да нема ниту еден удар во голот.
Премиер лига, 8. коло
Сабота:
Нотингем Форест – Челзи 0:3 (0:0)
(Ачиампонг 49, Нето 52, Џејмс 84)
Брајтон – Њукасл 2:1 (1:0)
(Велбек 41, 84 – Волтемаде 76)
Бернли – Лидс 2:0 (1:0)
(Угочукву 18, Чауна 68)
Кристал Палас – Борнмут 3:3 (0:2)
(Матета 64, 69, 90+7.п – Крупи 7, 38, Кристи 89)
Манчестер Сити – Евертон 2:0 (0:0)
(Халанд 58, 63)
Сандерленд – Вулверхемптон 1:0 (1:0)
(Мукиеле 16)
Фулам – Арсенал 0:1 (0:0)
Тросар 58
Недела:
15.00 Тотенхем – Астон Вила
17.30 Ливерпул – Манчестер Јунајтед
Понеделник:
21.00 Вест Хем – Брентфорд