Компании
T-Mobile US им нуди на претплатниците бесплатни акции
Компанијата T-Mobile US, американскиот огранок на Deutsche Telekom, ќе им понуди на околу 10 милиони свои претплатници бесплатни акции во настојувањата да го зголеми пазарниот удел и да ги мине поголемите конкуренти.
Претплатниците би добиле по една акции, којашто во моментов чини 43,07 долари, со можност за добивање дополнителни 100 акции доколку привлечат нови корисници. Од T-Mobile US истакнуваат дека некои поедини лојални корисници ќе може да добијат и по две акции по привлечен нов претплатник.
Американскиот пазар на мобилната телефонија е презаситен и компаниите водат огорчена војна со цените и со сите средства настојуваат да го зголемат сопствениот пазарен удел.
T-Mobile US, третиот според големината мобилен оператор во САД зад Verizon и AT&T, има репутација на иновативна компанија. На своите корисници, така, им нудат можност за бесплатен видео стриминг, подароци, поврзување со агенцијата за купување влезници за разни настани StubHub и планирање на сообраќајот со податоци.
„Тоа досега не го сторила ниедна компанија чии акции се ставени на берзата“, изјави извршниот директор Џон Леџер за BBC News.
Директорот на маркетингот на T-Mobile US, Ендрју Шерард, изјави за Reuters дека некои „бесплатни понуди“ ќе ја чинат компанијата извесна сума, но дека сметаат оти со текот на времето ќе се покаже како добра инвестиција.
Американската филијала на Deutsche Telekom притоа објави дека во првиот квартал од годинава го зголемил бројот на корисниците за 2,2 милиони./крај/мф/сн
Извор: BBC News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Алкалоид“ чекор понапред кон целосна дигитализација
Компанијата „Алкалоид“ започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување.
„Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките на сегментот ПЦ Фармација, преку имплементирање на современата софтверска платформа AlkaLIMS (Laboratory Information Management System). Спроведувањето на овој нов проект значи интегрирање на сите лабораториски процеси, вклучувајќи ја секоја процесна фаза – од земање примерок до издавање сертификат за анализа на производ во рамките на една дигитална платформа.
AlkaLIMS како софтверско решение се имплементира со цел значително унапредување на повеќе аспекти од лабораториското работење во рамките на Контрола на квалитет, Истражување и развој и Технички опeрации за произвoдство, меѓу кои: зголемување на ефикасноста и на продуктивноста; унапредување на регулаторната усогласеност, на можностите за обезбедување интегритет и следливост на податоците и на процесите поврзани со контрола на производите; централизирано управување со податоци; интеграција на севкупната аналитичка опрема во една платформа; намалување на оперативните трошоци и стимулација на процесите за континуирано подобрување.
Како напредно и отворено софтверско решение, AlkaLIMS нуди можност за тековно надградување со нови модули, во согласност со потребите на компанијата. Партнерска компанија на „Алкалоид“ во овој проект е светски реномираната корпорација LabWare од Соединетите Американски Држави.
AlkaLIMS е од стратешко значење во Профитниот центар Фармација, но и значајна референција во амбициозната агенда на „Алкалоид“ за целосна дигитална трансформација. Kако глобална и иновативна компанија, „Алкалоид“ континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија, а приспособливоста и искористувањето на иновативните технологии се важен императив во насока на унапредување и на усовршување на сите аспекти во работењето.
(ПР)
Економија
Возилата Грин Машинс на БРАКО на саем во САД
На саем во САД, БРАКО ги изложи своите електрични возилата за чистење Грин Машинс, претставувајќи ги пред претставници на локалните власти и специјализирани комунални претпријатија од сите сојузни држави на настан во Атланта, Џорџија.
Станува забор за најпознатиот саем за комунални работи во САД „Public Works Expo “, кој беше посетен од одговорните лица за комунални прашања од стотици американски градови.
Еколошките и технолошки напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во македонската фабрика Брако, предизвикаа голем интерес поради нивниот модерен дизајн, ефикасноста и ефективноста што ја покажуваат при чистењето, економичноста и еколошките карактеристики.
На саемот беа изложени електричните модели 500 ZE и 400 ZE, како и унапредениот дизел модел 636, кои се најпродавани модели во палетата и се користат во повеќе од 60 земји на сите континенти во светот.
Возилата Грин Машинс се продаваат на американскиот континент преку фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија и преку застапништвото во Мексико.
На саемот за комунални работи PWX 2024, кој е во организација на Американската Асоцијација за комунални работи, учествуваа околу 500 изложувачи, меѓу кои и најпознатите светски брендови во сферата на одржувањето хигиена во урбани средини со возила на класичен, електричен и водороден погон, а велешки БРАКО произведува модели на сите три погони.
(ПР)
Економија
„А1 Македонија“ прославува со своите корисници: 50 проценти роденденски попуст за 5 години „А1“
А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар. Компанијата е горда на своите достигнувања во минатите пет години исполнети со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди и воведување нови технологии и содржини со кои ја овозможува дигитализацијата на целото општество.
„Лидерската позиција на пазарот и довербата на корисниците во изминативе 5 години се доказ за нашата посветена работа и континуираното инвестирање во премиум корисничко искуство. Изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, сè со цел да ги поврземе нашите корисници и да овозможиме да ги споделуваат најважните моменти во животот“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
Големото А1 семејство надминува милион корисници на мобилни и фиксни услуги, што претставува потврда за довербата во поглед на достапноста и квалитетот на услугите на компанијата.
„Задоволните корисници се нашиот секојдневен поттик за постојано да се подобруваме и да растеме. Затоа, продолжуваме со уште посилно темпо и понатаму да обезбедуваме најдобри понуди, супериорна корисничка услуга и врвни технологии. Сигурни сме дека сето ова ќе донесе уште повеќе вредност, многу повеќе комуникација и поврзаност. Kако и секогаш, најважните моменти ги славиме сите заедно и денес ја почнуваме роденденската кампања ‘Животот е прекрасен со тебе’, со која внесуваме позитивна енергија во светот околу нас и многу придобивки за нашите корисници“, изјави Мирчев.
Како дел од кампањата „Животот е прекрасен со тебе“ А1 воведува атрактивна понуда, со која сите нови и постојни приватни постпејд корисници што ќе направат обнова на својот договор, добиваат ексклузивна можност за 50 % попуст за нов паметен уред. Со А1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Ultra M имаат можност да го добијат извонредниот iPhone 15 5G 128GB за месечна рата од 999 денари. Додека, пак, сите нови и постојни бизнис-корисници со А1 Net Business Pro M и две мобилни линии А1 Business Pro М добиваат 50 % попуст за нов паметен уред SAMSUNG Galaxy S24 5G 8/128GB, со 287 денари месечна рата.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk