Црна хроника
297 криминалци барани со потерница приведени во Скопје
Во текот на 2021 година од страна на oрганизационите единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим -потраги се преземаа низа мерки и активности при што редовно се прибираа сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност по наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др. Предмет на потрага беа лица за кои се распишувани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор,лица под истрага со определена мерка притвор,лица под истрага,лица оддалечени или кои се дале во бегство од казнено-поправни установи, за кои се распишувани национални и меѓународни потраги…
Од страна на СВР Скопје изготвен е План за оперативна акција, во кој е вклучен Оперативен тим – потраги кој презема низа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени повисоки казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од КПУ -КПД на територија на РСМ и лица предмет на потрага на ИНТЕРПОЛ. Од страна на Оперативниот тим – потраги лишени се 102 лица за издржување на вкупна казна затвор 269 години и 6 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 204 години и 11 месеци.
Од страна на организациските единици во рамки на СВР Скопје се преземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица при што лишени се 195 лица за издржување на вкупна казна затвор 210 години и 9 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена.
Во текот на 2021 година редовно се прибираа и сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност, а се наоѓаат надвор од територија на РС Македонија и во содејство со МВР Интерпол и МВР потраги беа екстрадирани 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек пред локал, приведен е во Карпош
На 17 јануари 2026 година, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.С. на подрачјето на општина Карпош, поради насилен инцидент што се случил ден претходно.
Според пријавата, на 16 јануари, пред угостителски објект, осомничениот со своето возило прво го оштетил автомобилот на 23-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, а потоа со истото возило го удрил и него. По инцидентот, полицијата започнала постапка, а ден подоцна го лишила од слобода Н.С.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Трактор со дрва паднал во река, загина 58-годишен струмичанец
Вчера околу 10:45 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека трактор со приколка натоварена со дрва паднал во речното корито на реката Тркање, на местото викано „Белик“, во атарот на селото Градско Балдовци.
Тракторот го управувал 58-годишниот Д.Н. од Струмица, кој починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Медицинскиот центар Струмица.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа од СВР Струмица.
Фото: depositphotos (илустрација)
Топ
Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош
Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско.
Во пожарот угинале шест свињи, а причинета е и значителна материјална штета. Како што информира полицијата, поради вдишување чад, едно лице било пренесено во Општата болница во Велес, додека четири други лица побарале лекарска помош во болницата во Неготино, а три лица се јавиле на преглед во болницата во Кавадарци.
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Велес. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес. Причините за пожарот сè уште се утврдуваат.

