Црна хроника
Нова кривична пријава против ексдиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство
Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања.
„ Пријавениот, во својство на овластено лице – директор на Агенција за храна и ветеринарство, во 2016 година ја злоупотребил службената положба и овластувања така што постапил спротивно на Законот за јавни набавки со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.386.033 денари.
Притоа овозможил противправна имотна корист во износ од 7.534.497 денари на фирма од Радовиш и противправна имотна корист во износ од 1.517.033 денари во корист на фирма од Скопје“ се наведува во соопштението.
Досега Поповски имаше неколку кривични пријави за злоупотреба на службената положба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кавадарчанец удирал сограѓанин со пиштол по главата
Денеска во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, по кратка расправија, физички го нападнал Б.Ч.(32) од Кавадарци и го удирал со пиштол по главата.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Контролор на ЈСП Скопје претепан во автобус
Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно машко лице кое немало билет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсени тројца кумановци: биле барани по потерница за издржување казна затвор за тешка кражба
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј., 36-годишниот Г.Н. и 29-годишниот Ѓ.М. од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тие биле спроведени во Казнено – поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.