Македонија
Три бебиња родени ноќеска на Гинекологија, утрово се роди бебе и во ковид центарот
Утрово министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГАК, Викторија Јовановска информираа за случувањата на Клиниките по славењето на најлудата ноќ.
„Првото бебе родено е машко, четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута по полноќ, има 3.070 килограми, а 50 сантиметри е долго. Една минута потоа родено е уште едно бебе, женско, прво бебе на мајката Симона Петреска. Тешко е 3.050 килограми, а долго исто така 50 сантиметри. Утрово околу пет часот во ковид центарот се роди уште едно бебе. Мајката е позитивна, но и мајката и бебето се добри“, кажа министерот за здравство Венко Филипче.
Според директорката на ГАК, претходните случувања биле најава дека годината ќе ни биде одлична.
„По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца се добри, вклучувајки го и тоа во ковид центарот. Првото бебе е породено спонтано, а второто е со царски. Во ковид одделот е само една пациентка која се породи ноќеска, бебето е машко и тешко е 2.440 килограми“, рече Јовановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

