Контакт

Црна хроника

Уапсена голема криминална група за производство фалсификуван алкохол

Објавено пред

Полицијата спроведе акција за расчистување нелегално производство, криумчарење и продажба на алкохоли, извршени од страна на организирана криминална група од подрачјето на Скопје, Струмица, Битола и други градови која подолго време во временскиот период 2008 и 2009 г., соопшти МВР

dobivaj vesti na viber

Криминалистичката истрага под оперативно име „Аперитив“ се спроведувала последните седум месеци од страна на Одделот за организиран криминал при МВР, по што со следење други специјални истражни мерки биле обезбедени докази за криминалната активност на групата.Во акцијата биел зивршени претреси во вкупно 21 објект на подрачјето на Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Виница, Кочани, Радовиш и Штип, од кои 11 во домовите и други простории на членовите на криминалната група и десет во правни лица од тоа во осумте продавници: „СН-Компани” во Скопје, „Драма Ана” и „Алек” во Радовиш, „Мац Промет” во Виница и Кочани, „Екстра маркет Ќошар”, „Ќошар” и „Ќошар Компани” во Куманово, и две печатници „Графосервис” во Струмица и „Полиграфика” во Битола. Бил направен и претрес  и во четири возила од кои две пикап возила и две патнички од нив три во Скопје и едно во Струмица. При извршените претреси пронајдени и привремено биле одземени поголемо количество шишиња разни видови нелегално произведени алкохолни пијалоци (узо „Тсантали”, водка „Смирноф”, „Апсолут”, „Вигор”, „Балтик”, бренди „Бадел”, виски „Балантајн”, шток, вињак, џин, рум, разни видови ракија и др) за кои постои сомнение дека се произведени од страна на криминалната група. Воедно пронајдена е и празна амбалажа од 678 шишиња узо „Тсантали”, бренди „Бадел”, водка „Смирноф”, „Вигор”, мастика, шток, повеќе видови ракија, како и пет полни и 13 празни туби и 56 пластични шишиња.Освен алкохолните пијалоци пронајдени се и одзмени разни разни видови предмети и документација, нотеси за лична евиденција на должници, персонални компјутери, факс машина, 206 офсет плочи, проѕирна фолија, 16.455 испечатени етикети за повеќе видови алкохолни пијалоци (узо„Тсантали”, Шток 84, Струмичка мастика), како и околу 12.800 отпечатени акцизни маркици со различни сериски броеви.Исто така, при претресите одземени се и три патнички возила користени од членовите на криминалната група од кои едно е користено за транспорт на нелегално произведените алкохолни пијалоци, а во останатите се пронајдени алкохони пијалоци и празна стаклена амбалажа за полнење со нелегално произведени алкохолни пијалоци.Во акцијата, во повеќе полициски станици во РМ, приведени се и задржани вкупно осум лица и запечатени се четири објекти (еден во Скопје и три во Куманово) во кои се пронајдени поголеми количини алкохолни пијалоци и во кои во текот на денешниот ден УЈП ќе изврши целосна финансиска контрола, како и контрола за акцизните маркици и етикетите, односно дали истите се оригинални и дали одговараат за пијалокот на кој се наоѓаат.Во понеделникот Одделот за Организиран криминал до Основното Јавно Обвинителство за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.С.(31) од Скопје, сопственик на  фирма  СН-Компани САШО ДООЕЛ Скопје, неговиот брат С.Н.(26) од Скопје, вработен во фирмата СН Компани САШО ДООЕЛ Скопје, заради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела ,,Злосторничко здружение“ по член 394 од КЗ на РМ, „Фалсификување на Исправа“ по член 378 од КЗ на РМ, „Недозволено производство“, по член 276 од КЗ на РМ и членовите 59 и 60 од Законот за Акцизи, М.П.(35) од Битола, сопственик на печатницата „ПОЛИГРАФИКА“-Битола заради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела ,,Злосторничко здружение“ по член 394 од КЗ на РМ, ,,Фалсификување на знаци за одбележување на стоки, мери и тегови“ по член 272 од КЗ на РМ и „Недозволено производство“ по член 276 од КЗ на РМ, А.Д.(32) од Струмица заради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела ,,Злосторничко здружение“ по член 394 од КЗ на РМ, „Недозволено производство“ по член 276 од КЗ на РМ и членовите 59 и 60 од Законот за Акцизи, како и С.Д.(47) од Штип.

Црна хроника

Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.

Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.

Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.

Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува

Објавено пред

На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.

dobivaj vesti na viber

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена

Објавено пред

На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ11 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија11 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија12 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија13 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија13 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион14 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија15 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија15 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет15 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет16 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа16 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет16 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет17 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа17 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...