Македонија
Утрово најстудено во Битола и Берово, денеска сончево со мала облачност и температури до 17 степени

Утрово, во Битола и Берово биле измерени -3 степени, -2 во Скопје – Петровец, Тетово, Струмица и во Демир Капија, -1 степен во Куманово и Дебар, 0 степени во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, Охрид, Претор и во Лазарополе, 1 степен во Маврови Анови, 2 во Дојран, 3 Виница, Крушево, 5 степени на Попова Шапка.
На Попова Шапка има 27 сантиметри снег, а 9 сантиметри во Маврови Анови.
Утрово, според УХМР, во поголем дел од земјава е сончево, со мала облачност, но во одделни котлини има појава на магла.
Денeска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температура ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).