Свет
Медицински сестри во Сиднеј повикани на работа иако се позитивни на коронавирус

Медицинските сестри што се позитивни на коронавирус се повикани да работат во болниците во Нов Јужен Велс, што е спротивно на државните здравствени протоколи.
Сепак, раководителите на болниците прибегнуваат кон очајни мерки со цел здравствените установи да го издржат притисокот создаден од ширењето на омикрон, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.
Во државата Нов Јужен Велс јавните болници вклучуваат три локални здравствени области, вклучувајќи ги главните болници во Сиднеј и помалите регионални здравствени установи.
Во една болница во Сиднеј медицински сестри, кои се позитивни на коронавирус, се ангажирани да работат во одделенијата за Ковид-19, меѓутоа во други болници има случаи на работа со пациенти што не се заразени.
„Господ да му помогне на секој пациент што не е заразен со коронавирус во болница во моментот. Тие се како голи цели (за вирусите)“, рече една медицинска сестра во разговор со новинарот на „Гардијан“.
За време на новогодишната ноќ, во Нов Јужен Велс беше објавено ослободување од протоколот за работниците што треба да бидат во седумдневна изолација и нивно враќање на работа доколку им се дијагностицираат асимптоматски случаи и ако работодавецот ги прогласи за неопходни за извршување активности.
Сепак, портпаролот на Министерството за здравство потврди дека медицинските сестри позитивни на коронавирус не спаѓаат под ова ослободување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Каја Калас: Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно, ЕУ ја продолжува мисијата

Европската унија ќе продолжи со својата набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денес шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.
„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.
„ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја рестартира цивилната набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет“, рече таа.
Калас го поздрави ослободувањето на седумте израелски заложници што Хамас ги ослободи денес, нагласувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.
„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“, рече таа на X.
Свет
Израелската војска ги објави првите фотографии од ослободените заложници во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово ги објавија првите фотографии од заложниците ослободени од Хамас, кои подоцна беа предадени на израелската војска.
На фотографиите е и Алон Охел, како и близнаците Гали и Зив Берман како се прегрнуваат по нивното ослободување.
Фотографиите, исто така, ги прикажуваат Гали Берман и Гај Гилбоа-Далал како се среќаваат со израелски војници во Газа утрово.
По прекинот на огнот во Газа, Хамас денес ги ослободува израелските заложници што ги држеше повеќе од две години.
Хамас треба да ослободи 48 заложници, од кои се верува дека 20 се живи, до пладне. За возврат, Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1.700 лица уапсени во Газа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи дека „војната е завршена“ додека патува на Блискиот Исток. Трамп ќе се обрати пред израелскиот парламент, а потоа ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што ќе предводи мировен самит на кој ќе присуствуваат најмалку 20 светски лидери.
Свет
(Видео) Израелците го пречекаа конвојот со ослободени заложници на улиците

По прекинот на огнот во Газа, Хамас денес ги ослободува израелските заложници што ги држеше како заложници повеќе од две години.
רכבי הצלב האדום עוזבים את נקודת מסירת החטופים בעיר עזה, לאחר ההעברה. תיעוד שמפרסם גם ערוץ אל-ג'זירה (ערוצים קטרים, כולם להראות מופתעים). כאמור אנשי הזרוע הצבאית במקום, נראה שמנעו מקהל ועיתונאים להיכנס למתחם ההעברה עצמו https://t.co/H5io1pMqKS pic.twitter.com/QprT9D4DoJ
— Nurit Yohanan (@nurityohanan) October 13, 2025
רגעי חציית השבים בחזרה לשטח מדינת ישראל לפני מספר דקות pic.twitter.com/y1yLPYNUIy
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) October 13, 2025
Израелците го пречекаа конвојот со првата група ослободени заложници на улиците.
One of the most historic and emotional moments in the history of Israel 🇮🇱
Hostages are welcomed home by thousands of Israelis after two painful years in Hamas captivity 🎗 pic.twitter.com/h0hqRQ1JyA
— REAL JEW (@THEREALJEW613) October 13, 2025