Свет
Истополовите парови во Израел ќе може да имаат деца со помош на сурогат-мајки

Израелскиот министер за здравство, Ницан Хоровиц, денеска изјави дека истополовите парови ќе може да имаат деца со помош на сурогат-мајки во земјата и дека регулативата ќе важи од следната недела по одлуката на Врховниот суд минатата година.
Во јули судот укина дел од законот за сурогат-мајчинство со кој на истополовите парови не им беше дозволено да имаат деца со помош на сурогат-мајки во Израел.
На овој потег му претходеше судска одлука во 2020 година дека законот што дозволува пристап до самохрани мајки, но ги исклучува истополовите двојки, „несразмерно го крши правото на еднаквост и правото на родителство и е незаконски“.
Владата на тогашниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби една година да предложи нов закон, но парламентот не го почитуваше крајниот рок.
Судот лани соопшти дека ќе бидат потребни шест месеци за да стапи во сила законот, односно дека тоа ќе се случи на 11 јануари за да се овозможи донесување стручни упатства.
Министерот Хоровиц оцени дека целосната еднаквост е едноставно барање и цел на ЛГБТ-заедницата на која ѝ припаѓа и дека се однесува на еднаквост пред законот и еднаквост во однос на родителството.
Според претходните прописи, израелските истополови парови што сакале да станат родители не можеле да го сторат тоа со помош на сурогат-мајки во Израел, туку морало да направат трошоци и да ги најдат во странство.
Државата тврдеше дека таквиот закон има цел да ја заштити сурогат-мајката, но судот пресуди дека е можно да се постигне рамнотежа без дискриминација.
Израел е потолерантен кон ЛГБТК-популацијата, анализираат тамошните медиуми.
Хомосексуалците отворено служат во израелската армија и се членови на парламентот, а многу популарни уметници и забавувачи не кријат дека се геј.
Сепак, пречките, вклучително и отсуството на граѓански брак што ќе дозволи истополови бракови, останаа во сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.