Црна хроника
Најдено дополнително оружје и злато од оружената кражба во Тетово

Тетовската полиција сè уште трага по ограбувачите на златарницата „Исак“ во Тетово, кои во саботата се судрија со полицијата при што еден од нив беше застрелан, а еден полицаец и сопственикот на златарницата полесно ранети
Вчера полицијата пронашла дополнително количество на оружје кое им припаѓало на разбојниците на патот помеѓу Јегуновце и Нераште, во правецот кон кој избегале.Според полицијата, пронајдена била автоматска пушка, рамки со куршуми, рачна бомба, како и златен накит.Сè уште не е утврдена точната количина на злато која ја украле разбојниците. Дел од златото беше пронајдено во возилата кои што ги оставија при бегството. Околу седуммина разбојници кои учествуваа во кражбата пеш успеаа да избегаат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.