Контакт

Економија

Лазаров: Историјата е важна компонента, но таа дефинира минато, а економијата дефинира иднина

Објавено пред

Лидерот на СДСМ и нов мандатар Димитар Ковачевски изјави дека историјата не може да биде единствена тема на разговор меѓу Бугарија и Македонија, односно дека треба да се разговара и за иднината преточена во инвестициски и инфраструктурни проекти, во економска и културна соработка. Дали според вас на овие полиња можеме полесно да се „најдеме’’?

dobivaj vesti na viber

„Денес живееме во еден од најдинамичните периоди на современата глобализација  и истата се темели на брзи економски текови, дигитализација, зелена енергија, размена на знаења, иновации, образование и современи технологии. Кога морам да зборувам за историјата, лично јас, но и генерално мојата генерација на бизнисмени, имам чувство на назадување, на стагнација и отсуство на визија за иднината. Дигутантно ми е да зборувам за историја, политика и слично. Ја почитувам историјата само како темел на постоење и култура на една посебност на секој кој ќе се чувствува така како што се чувствува врз база на историски и емпириски факти. Но, да навлеземе во дискусии кој каков јазик да говори, или од кога и како потекнува, тоа е концепт на 19 век кој веднаш треба да се напушти. Ние на Балканот немаме голем избор, се соочуваме со масовно иселување и со глобални кризи како што е пандемијата, енергетската криза, економската безидејност, и ни фали уште историја на сите проблеми. Ова се глобални проблеми кои бараат глобални одговори, односно заеднички пристап кон решавање на овие горки проблеми. Имаме два избора, економска платформа која проектира здрава иднина или историски бесконечни наративи кои проектираат само минато без преспектива. Во светло на сите овие факти, ние веднаш, ако може и денес да почнеме да промовираме политики кои се базираат исклучиво на инвестициски, инфраструктурни и енергетски проекти кои ќе донесат вработувања за младите од Бугарија да не одат во Британија и младите од Македонија да не одат низ целиот свет. Јас сè уште силно верувам дека политиката и политичарите постојат за да ги решат проблемите, а не да ги комплицираат. Историјата е важна компонента, но таа дефинира минато, а економијата дефинира иднина.

2.Со оглед на досега нерешените политички односи на политички план кои економијата, трговските односи и соработката ги ставија во улога на жртва, што мислите, можеме ли да градиме стабилни политички врски без солидни економски врски?

Сум потенцирал неколку пати во јавноста дека политиката е само бреме на економијата, посебно онаа политика зачинета со историја, но, ова е Балкан, и економијата и политиката одат рака под рака, и ако е веќе така, тогаш економијата треба да биде предвесник на политичките односи, економијата ќе ги релаксира политичките односи. Реално, денес е обратно, прво мора да има релаксирање со политика за таа да создаде атмосфера на доверба во економијата, и тоа би имало логика само ако политиката воспостави систем на вредности, систем на нула корупција и динамични реформи, но тука не така, во односите помеѓу Софија и Скопије има историја на политика, политичка историја помеѓу народите. И, економијата тогаш е жртва, заложник и блокиран сегмент на политиката. Затоа јас велам дека е потребен обратен модел, и тоа од економски аспект, развој на економија, проекти и инвестиции кои ќе го поплочат патот на политиката за полесно да дојдеме до решение. Реално, ние вака само се одалечуваме. Во светот е сосема поинаку, постојат политички недоразбирања помеѓу некои земји членки на ЕУ, но таму економијата, почитта и работата си врви.

3.Во колкава мера политичките криза и очигледниот недостиг на разбирање и соработка негативно влијаат врз деловната клима и трговските односи меѓу двете држави?

Влијаат, тука мораме да бидеме отворени и искрени до крај. До пред првото вето на Бугарија, ние имавме економски односи кои беа во нагорен тренд, и после трговскиот суфицит кој го имаме со Косово, ние бевме блиску и со Бугарија да го достигнеме тој трговски суфицит во наша корист. Политичка криза нема, но има недоразбирања кои се несфатливи за целиот свет, кој го следи овој процес од блиску. И тоа се наметнува до таа мера што ќе предизвика амозитет и недоверба помеѓу народите. Сериозните инвеститори нема да сакаат да инвестираат во земја која нема јасен патоказ и преспектива кон ЕУ, па не еден туку сто берлински процеси да има. Едноставно пазарот е мал, ограничен и непродуктивен, затоа ни треба ЕУ пазарот. Блокадата од Бугарија ни нанесува и сериозни економски штети затоа што ги одвраќа сериозните инвеститори. Лоша тактика на Бугарија, односно на политичките елити таму. Но, во светло на идните односи и новите политички номенклатури во Бугарија, како и на стратешките интереси на САД и ЕУ на Балканот можам да заклучам дека сепак работите ќе одат во многу попозитивен правец. Нема друга алтернатива, тој е патот.

4. Кои мерки се имплементирани од Договорот за пријателство и соработка, на пример во делот на роамингот, граничните контроли, даночни олеснувања, прекуграничен инфраструктурни проекти, транспортно и дигитално поврзување…?

Можам да говорам од наша преспектива. Постои иницијатива која е заокружена за предвидените фази за заокружување на коридорот 8 помеѓу Албанија, Македонија и Бугарија со конкретни чекори и точки кои значат брзо проектирање, започнување и финиширање на инфраструктурните позиции, што значи поврзување на црноморските пристаништа со оние на Јадранското Море во Албанија и тоа ќе поминува низ нашата територија. Ние го имаме завршено комплетно новиот граничен премин Клепало кај Берово, но поврзувањето од страна на Бугарија е забавено. И, секако мега проектот за железничкото поврзување од Куманово до границата со Бугарија, и таму постои силен динамичен процес.Експресниот пат Куманово – Крива Паланка – Деве Баир, односно експресно поврзување до бугарската граница. Станува збор за силен инвестициско-инфраструктурен циклус од наша страна од стотици милиони евра. Оние за заеднички гранични контроли, даночни олеснувања и други можни нивоа на соработка ќе зависат од динамиката на идните односи на соработка.

5. Колкави се овогодишните инвестиции на двете земји и во кои полиња најмногу соработуваме?

Се сумираат податоците, сè уште е почеток на годината, се прават пресметките за последниот квартал и ќе ги имаме официјални и прецизни за инвестициите за минатата 2021 година. Најмногу соработка имаме во финансискиот сектор, земјоделието и малку во преработувашката индустрија, секако постои огромен потенцијал за многу следни проекти во многу области кои имаат стратешка компонента како туризмот, зелените енергетски проекти и земјоделието.

6. Каде би ги лоцирале основните пречки во создавањето динамичен инвестициски циклус, реализирање проекти од стратешко економско значење и позасиленото економско поврзување на двете земји?

Лесно се воочуваат т.н. пречки кои реално не би постоеле ако се надминат политичко-историските недоразбирања. Формулата е едноставна, односи низ призма на економија, а не на историја или поточно односи базирани на економска платформа, заемна почит и иста цел и визија, сè друго е техника, дали ние преку комори, работни групи кои би ги дефинирале стратешките проекти за соработка или други методолошки пристапи е прашање на оперативно ниво, важно е да решат политичарите да одиме напред.

7. Коридорот 8 останува дамнешно нереализирано ветување.Колку македонско- бугарската стопанска комора може да повлијае врз повторното активирање на овој проект?

Ние како комора во рамките на нашите надлежности на секоја средба, симпозиум или состаноци со сите релевантни чинители го имаме потенцирано и препорачано овој коридор за клучен во нашите идни економски односи со Софија, и тоа впрочем беше поткрепено со заклучоците од Берлинскиот процес во 2021 година. Конечно, во Собранието помина законот за склучување договор и Владата и американската компанија „Бехтел Енка“ го потпишаа меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8 и тоа ќе претставува добра можност за Република Македонија, бидејќи ќе овозможи на земјата да добие нова геополитичка тежина како мост меѓу балканските земји. Овој проект ќе поминува низ Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, па сè до Ќафасан – Албанија и пристаништата на Јадранско Море и преку Скопје, Куманово па  до бугарската граница и понатаму до Црно Море и со овој коридор се предвидува преструктурирање на постојната инфраструктура, но и нови градби со автопатски и експресни решенија. Коридорот 8 е еден од десетте трансевропски коридори, дизајниран да ја олесни размената на стоки и луѓе меѓу земјите на ЕУ, балканските земји кои се граничат со Црното Море и Каспиското Море и земјите од Централна Азија. Важноста на Коридорот 8 е тесно поврзана со неговата важност од енергетска гледна точка, ќе овозможи преку Средоземно Море пристап до големите касписки енергетски ресурси и ќе овозможи на компаниите пристап до европските пазари. Коридорот 8 е од огромно стратешко значење.

8. Ковачевски најави дека на гости ќе го повика новиот бугарски премиер Кирил Петков.Што мислите, можни ли се олабавувања во меѓусебните односи? Има ли простор за оптимизам дека овој пат од бугарската страна ќе „дувнат некои поинакви ветришта’’?

Не гледам друг избор, алтернатива или која било резервна варијанта. Не дали треба или сакаме, туку новиот свет наметнува дека МОРАМЕ. Ќе си дозволам да коментирам малку геополитика, официјална Софија често милува да каже дека клучот, односно патот на Македонија е преку Софија, во ред, но и одговорноста за можна нестабилност или мешање на други регионални и геополитички сили кои не делат исти вредности со ЕУ ќе биде тие што го имаат клучот. Газда без одговорност не постои, клучот е во Софија и за можноста овие народи место да соработуваат да се замразат и за последиците ќе одговара оној кај кого е „клучот“. Јас мислам дека клучот е кај Брисел и Вашингтон, но до кога со странски помагачи? Доволно сме зрели и рационални за сами да се договориме ако имаме европски дух.

8. Која би била вашата порака ( Како стопанска комора) до политичарите за 2022 година?Како да ги затворат тешките прашања и да отворат пат за поголема економска соработка и позитивен деловен амбиент?

Иднина место минато, пријателство наместо омраза. Нека се водат само со една парадигма, нашите деца и идните поколенија да останат тука, а не далеку. Односи низ призма на економија наместо историја, европски дух наместо балкански. Сите ќе имаме бенефит, Бугарија е многу напред во користење на фондови за туризам, земјоделие, енергетика и можеме многу да научиме од нив, истото важи и за нив, нивните пари, капитал, интереси нека ги оплодат тука, наместо некој друг. Стратешко партнерство се заслужува, не се наметнува. На крај од поголемиот брат се очекува да пружи рака наместо блокада.

(ПР-текст)

Економија

Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година

Објавено пред

Од

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.

dobivaj vesti na viber

„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.

„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.

Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.

„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Прикажи повеќе...

Економија

„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија

Објавено пред

Од

Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.

dobivaj vesti na viber

САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.

Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.

Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.

„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.

Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.

dobivaj vesti na viber

Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.

Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.

Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.

На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.

На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.

Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија17 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија19 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет21 час

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија21 час

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија22 часа

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија22 часа

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет22 часа

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ23 часа

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет1 ден

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет1 ден

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет1 ден

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија1 ден

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа1 ден

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија2 дена

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија2 дена

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија2 дена

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ2 дена

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...