Македонија
Сончево и студено со утринска температура под минус 10
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени.
Во Скопје сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде денес и утре кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. В недела и понеделник ќе има појава на утринска магла во одделни котлини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

