Македонија
До понеделник стабилно и студено, од вторник дожд и снег
До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури и утре насекаде ќе бидат под нулата кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени.
Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со која било полиса за осигурување склучена преку MintIns клиентите ќе добијат членство во Interdomestik
Соработката помеѓу MintIns и Interdomestik гарантира дека клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку MintIns сега ќе добијат членство во Interdomestik.
Ова членство обезбедува сеопфатна помош и го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки, вклучувајќи:
– Бесплатна консултација за утврдување на правната основа за надомест на сите видови штети
– Процедури за надомест на штета од осигурителната компанија
– Бесплатна категоризација на повреди од сообраќајни незгоди од независен лекар-цензор
– Алтернативна пресметка за материјална штета во однос на проценката на осигурителната компанија.
– Определување коефициент на инвалидност во случај на несреќа
– Консултации за третман на лице место преку контакт центарот
Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат:
– Авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка
– Организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди
– Авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка
Оваа иновативна соработка е прва од ваков вид помеѓу осигурителен брокер и компанија специјализирана за помош и наплата на штети. Ветува позитивно да влијае на осигурителниот пазар и ќе обезбеди подобрени услуги за сите осигуреници.
Придружете ни се на овој значаен настан и бидете сведоци на потпишувањето на договорот кој најавува нова ера во осигурителните услуги.
ПР
Скопје
Андреј Темов од Кисела Вода стана државен шампион во тенис до 12 години
Кисела Вода доби државен шампион во тенис! На Државно првенство на Македонија за јуниори до 12 години, кое се одигра денес, титулата најдобар ја понесе Андреј Темов, ученик од ООУ Круме Кепески.
Градоначалникот Ѓорѓиевски кој го бодреше, му ја честиташе победата и му посака понатамошни успеси. Му укажа дека и понатаму може да смета на поддршката која ја добива од Општина Кисела Вода и дека покрај финансиска поддршка, тој и сите други талентирани спортисти, можат да сметаат и на одлични услови за развивање на своите спортски потенцијали.
– Голема е мојата радост што денес нашата општина, Кисела Вода доби државен шампион во тенис до 12 години. Андреј Темов, кој честопати бил гостин во мојот кабинет, покажа како се креираат резултати кога некој е силно посветен на она што го сака. Овој извонреден успех е доказ за неговата посветеност, труд и талент, и ни покажува дека иднината на спортот во нашата општина е светла. Имав чест и привилегија лично да го бодрам Андреј на овој важен настан и од срце му ја честитам победата. Неговата истрајност и желба за успех се инспирација за сите нас. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, сакам да му посакам понатамошни успеси и да го охрабрам да продолжи да го следи својот сон.
Општина Кисела Вода ќе продолжи да го поддржува Андреј и сите други талентирани спортисти. Како и досега, ќе обезбедуваме финансиска поддршка, но и одлични услови за развивање на спортските потенцијали. Силно верувам дека со правилна поддршка и инвестиции во изградба на спортската инфраструктура, нашите млади спортисти ќе можат да постигнуваат уште поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина и држава на највисоко ниво. Честитки уште еднаш на Андреј Темов! Нека оваа победа биде само една од големата низа на успеси, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Дарко Костадиновски нов претседател на Уставниот суд
Судот информира дека денеска судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Од таму додаваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на денот.
Костадиновски ќе ја наследи својата колешка Добрила Кацарска, чиј мандат како претседателка на Уставниот истече на 2 јуни.