Црна хроника
Екс-сопругот на пратеничката не ги признава обвинувањата за „Детонатор“
Не се чувствувам виновен, ниедно од кривичните дела за кои се товарам не сум ги сторил, изјави пред судот Горан Кузмановски, поранешниот сопруг на пратеничката од ВМРО–ДПМНЕ, Бети Кузмановска, кој е еден од обвинетите во случајот „Детонатор“.
Во својот исказ постојано ја споменуваше поранешната сопруга, која не се појави во судот да го слушне неговиот исказ.
Пиштолот што го нашла полицијата при претресот во неговата куќа бил од неговиот дедо од Крушево и го нашол во подрумот. Бидејќи бил љубител на антиквитети го извадил од подрумот, како трофеј, како сувенир. Овој пиштол не можел да го користи за пукање.
Не бил член на никаква злосторничка група, а поголем дел од обвинетите не ги ни познавал. Го познавал обвинетиот Горан Божиновски кој бил братучед со неговата поранешна сопруга.
Според неговиот исказ, семејството на Божиновски со години не контактирало со семејството на неговата сопруга, сé додека Кузмановска не станала пратеничка.
Кога ја избрале, Божиновски почнал да и’ се јавува и да бара од неа да му направи услуга, неговата жена да добие решение на неопределено време. Бидејќи Кузмановска не му одговарала на телефонските повици, Божиновски почнал да му се јавува на Горан Кузмановски.
Иако обвинението го товари Кузмановски дека му се јавил на телефон на Божиновски и му кажал дека ги прислушуваат телефоните, да ги сменат телефонските апарати и со тоа ги помогнал кривичните дела, изнуда, лихварство, комар – тој го негираше ова пред судот.
Тој го потврди овој телефонски разговор, но тврдеше дека му рекол така за „да го откачи“, да не му бара веќе услуги.
Потоа нивната комуникација продолжила, Кузмановски кој бил производител на мед, побарал од Божиновски да му помогне, да го пласира својот мед. Го распрашувал за поранешниот началник на СВР Штип, Ѕвонко Каширски, за неговите деловни објекти, магацини и за тоа што поседува.
Кузмановски се бранеше дека за Каширски се распрашувал бидејќи работел и со животно осигурување и сакал да се поврзе со него, за да му понуди своите вработени да ги осигура преку оваа фирма за животно осигурување.
Освен со Божиновски, контакт имал и со Симеон Михаилов кој е сега во бегство. Но, не контактирале пријателски, туку се скарале за девојка. Како што тврдеше Кузмановски, Михаилов го нападнал пред осум години, бидејќи бил женет за поранешна девојка на Кузмановски.
Началникот на СВР Штип, Каширски беше разрешен веднаш по полициската акција „Детонатор“. Во судскиот процес за полициската акција „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип .
Двајца од нив се во бегство, а дел од обвинетите се товарат дека трипати се обиделе да го убијат Драганчо Стојменов, двапати со подметнување експлозив на неговиот автомобил, а третиот пат дека првообвинетиот Игор Горански се обидел да го убие со пушка.
Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

