Спорт
Челси ќе го обесштетат Лион за да го вратат Емерсон на „Стенфорд Бриџ“
Челси ќе се обиде до крајот на преодниот рок да го врати на „Стенфрд Бриџ“, левио бек Емерсон Палмиери. Италијанскиот Бразилец, на почетокот на сезоната замина на позајмица во Лион.
Челси се принудени да реагираат на трансфер пазарот поради повредата на Бен Чилвел. Чилвел, ги скина лигаментите во коленото, на почетокот на декември, поради што ја заврши сезоната.
На оваа позиција, Челси остана само со Маркос Алонсо. Менаџерот Томас Тухел, побара да му биде донесена замена за Чилвел. Планот со Лука Дињ не успеа да го реализира, откако францускиот репрезентативец се пресели во Астон Вила.
Во недостиг на квалитетни решенија на трансфер пазарот, во клубот решиле да го вратат Емерсон.
Лион немаат намера да се откажат од Емерсон. Тие на почетокот на сезоната за позајмицата платија 5.000.000 евра. Челси сега понудиле 4.000.000 евра за да го врата својот играч.
Емерсон Палмиери, ред три и пол години, од Рома за 20.000.000 евра стана играч на Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фермин ќе паузира две недели
Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб.
22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември.
Откако ги повреди препоните на крајот на септември, тој се врати во тимот како плејмејкер пред сонародникот Дани Олмо. Тој постигна пет гола и четири асистенции во шест натпревари.
По поразот од 3:0 против Челзи во Лигата на шампионите, Барселона, која е втора во шпанското првенство со 31 бод, еден помалку од првопласираниот Реал, игра против Алавес во сабота.
Спорт
КК Партизан едногласно ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ
Извршниот и Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан одлучија да го поддржат трофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, да ја продолжи својата мисија.
Српските медиуми пишуваат, дека на состанокот, по предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, оставката на Жељко Обрадовиќ била едногласно одбиена и му била дадена безрезервна поддршка да остане шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим.
Клупските челници се согласиле дека Обрадовиќ ја има нивната доверба и дека неговата работа не е доведена во прашање.
Со оглед на овој исход од состанокот, јасно е дека во следните часови и денови, црно-белите нема да се занимаваат со преговори со потенцијалниот наследник на најтрофејниот тренер од Евролигата, туку напротив – ќе се обидат на секој начин да ја променат неговата одлука и да го убедат да ја продолжи работата што ја започнал, што би ги израдувало многу фанови.
По состанокот на тоа тело, клубот од Хумска 1 се обрати до јавноста со соопштение на официјалните канали во текст насловен како „Партизан против оставката на Жељко Обрадовиќ“.
Partizan Mozzart Bet protiv ostavke Željka Obradovića!
🔗 https://t.co/uL4O0V3Hpw#KKPartizan pic.twitter.com/Y6Bxdumjp0
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) November 27, 2025
Спорт
Арне Слот доби ултиматум, Ливерпул го контактирале Јирген Клоп
По дебаклот на Ливерпул и поразот дома од ПСВ, 1:4, англиските медиуми пишуваат дека на „Енфилд“ бил одржан итен состанок на Управниот одбор на кој била решена судбината на тренерот Арне Слот.
Според информациите на „Телеграф“, холандскиот стручњак сè уште ја има довербата на челниците на клубот, но таа не е безусловна. Слот добил ултиматум – мора да освои максимум девет бода во следните три натпревари. Во спротивно, соработката ќе биде прекината.
Ливерпул следниот натпревар ќе го игра во недела, кога ќе гостува кај Вест Хем, потоа на 3 декември ќе го пречека Сандерленд, а третиот натпревар во серијата ќе го одигра на 6 декември на гости кај Лидс.
„Црвените“ одиграа одлично минатата сезона под водство на Слот, а тимот дополнително се засили во текот на летото. Сепак, резултатите изостанаа – поразот од ПСВ беше нивни деветти во последните 12 натпревари, а одбраната игра далеку под очекувањата.
Според англиските медиуми, челниците на Ливерпул го контактирале Јирген Клоп за да проверат дали постои можност тој да се врати, барем како привремено решение. Тие се подготвени да му понудат краткорочна соработка без долгорочен договор, свесни дека тој е сè уште прв избор на повеќето навивачи.
Проектот на Ливерпул под водство на Арне Слот е неизвесен, а следните седум дена ќе покажат дали Холанѓанецот ќе преживее на клупата на повеќекратните европски шампиони. Доколку не ги добие сите три натпревари, Управата ќе му врачи отказ.
Foto/ EPA

