Црна хроника
Запленета фалсификувана и непријавена стока
Информираме дека минатата недела и деновите од викендот, царинските работници, откриле повеќе обиди за влез на фалсификувана и непријавена стока
Притоа, заради основано сомневање дека се работи за фалсификати на заштитени трговски марки, царинските работници од Одделението за оперативни работи, привремено задржаа околу 2.400 различни производи меѓу кои : 70 чифта патики, со лого на заштитените трговски марки „Espirit“ и „Converse“, откриени на на царинската испостава Терминал Увоз Скопје, во камион со македонски регистарски ознаки, натоварено со обувки со потекло од Кина, наменети за фирма увозник од Скопје; 719 парчиња чорапи и долна облека со лого на заштитените трговски марки „Adidas“, „Nike“, „Emporio Armani“, „Calvin Klein“, „Puma“ и „D & G“,на царинската испостава Скопје, во македонски камион натоварен со текстилни производи со потекло од Кина, наменети за фирма увозник од Скопје; 380 рачни часовници и 94 паричници со лого на заштитените трговски марки „Casio“, „Armani“, „D&G“, „Calvin Klein“, „Hugo Boss“ и „Gucci“, кои биле откриени на Деве Баир, на влез во државата во камион со бугарски регистарски ознаки. Возилото било натоварено со разна стока со потекло од Кина, наменета за фирма увозник од Косово. На Деве Баир два дена покасно, цариниците привремено задржала и 70 рала патики со лого на „Puma“, пронајдени турски камион. Возилото било натоварено со спортски обувки и чевли со потекло од Дубаи, наменети за пазарот во Косово. Потоа, отркиени се 275 разни текстилни производи (кошули, блузи, блузони и фармерки) со лого „Empori Armani“, „Armani Jeans“, „Giorgio Armani“, „Tommi Hilfiger“, „Adidas“, „D&G“, „Nike“, „Polo“, „Cavali“, „Gucci“ и „Diesel“, кои биле откриени на Богородица, кога турски камион низ Македонија неприајвено требало да ја превезе стоката за косовска фирма. На истиот граничен премин, на привремено биле задржани и 104 парчиња блузи и блузони со лого на „G. Armani“ исто така во турски камион кој ја носел стоката за Косово. Согласно одредбите од Законот за заштита на интелектуална сопственост, Царинската Управа на Република Македонија, ќе започне постапка за утврдување на оригиналност за предметната стока.Покрај тоа, царинските работници од внатрешните и гранични испостави привремено ја задржале и следната непријавена стока: 231 разни делови за мопед „Томос“, откриени на Табановце-автопат, на влез во Република Македонија, сокриена во автобус со македонски регистарски ознаки; потоа 200 блузи биле откриени на граничниот премин Деве Баир, кога бугарски камион сакал да влезе во Македонија, кои биле најдени при контрола на товарно со мобилен скенер, а преку граничниот премин Делчево македонски државјанин се обидел да прошверцува половна машина за перење и телевизор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

