Македонија
Регистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.564 тестови, а регистрирани се 1.635 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци – 44,
Велес – 41, Струмица – 39, Гостивар и Охрид – по 38, Тетово – 37, Радовиш – 28, Штип – 27, Струга – 25, Гевгелија – 23, Кочани – 21, Неготино – 20, Ресен – 17, Крива Паланка, Валандово и Крушево – по 11, Свети Николе и Делчево – по 9, Берово – 7, Македонска Каменица – 6, Богданци и Македонски Брод – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Пехчево – по 3 и Дебар – 2. Од вкупниот број на позитивни (1.635), регистрирани се 184 реинфекции.
Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти од: Скопје – 794, Битола – 114, Прилеп – 85, Куманово – 38, Штип – 31, Охрид – 28, Гевгелија – 27, Кавадарци – 20, Кичево – 19, Гостивар – 16, Велес – 15, Кочани – 13, Тетово – 11, Делчево – 10, Ресен – 9, Свети Николе, Радовиш, Богданци и Крушево – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Неготино и Берово – по 3, Дебар, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Кратово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (50г, 66г, 66г, 67г, 83г и 85г), 2 починати лица од Битола (62г и 69г) и едно починато лице од Прилеп (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Направени се 7.564 тестови преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово-144, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–169, Жан Митрев (Филип Втори)-138, Авицена-403, Биотек-326, Систина-150, лабораторија Лаор-445, Синлаб-116, Ремедика-30, Плодност-111, Генеа-24, Никоб Лаб-995, ВФВ Медикал-119, Ели Медика-35, Ројал Медика–79, Спектра-ММ-35, Рапид Лаб–46, Жан Митрев Струмица–54, Нова Лаб Дијагностика–74, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.371.
Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 243.284, бројот на оздравени пациенти е 219.616, на починати е 8.092, а бројот на активни случаи изнесува 15.576.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 109149, Активни 8336
Куманово 13747, Активни 529
Прилеп 11842, Активни 872
Тетово 11690, Активни 232
Битола 10978, Активни1415
Гостивар 8317, Активни 204
Кавадарци 7949, Активни 423
Велес 7849, Активни 295
Охрид 7381, Активни 543
Штип 7078, Активни 255
Струмица 6622, Активни 306
Кичево 4584, Активни 229
Кочани 4297, Активни 160
Струга 4104, Активни 152
Гевгелија 3245, Активни 245
Неготино 2817, Активни 150
Свети Николе 2236, Активни 70
Крива Паланка 2061, Активни 92
Ресен 2066, Активни 159
Радовиш 2006, Активни 173
Делчево 1574, Активни 85
Берово 1535, Активни 49
Дебар 1476, Активни 15
Виница 1214, Активни 33
Пробиштип 1203, Активни 49
Валандово 1193, Активни 144
Кратово 811, Активни 21
Богданци 754, Активни 56
Крушево 752, Активни 136
Демир Хисар 695, Активни 47
Македонски Брод 584, Активни 35
Демир Капија 454, Активни 18
Македонска Каменица 452, Активни 23
Пехчево 379, Активни 17
Дојран 190, Активни 8
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Тој предмалку ја соопшти одлуката на прес-конференција во Обвинителството. Коцевскирече дека си заминува од функцијата гордо и со крената глава.
„Функцијата што ја вршев нешто помалку од две години ја извршував чесно и достоинствено, заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради непочитување на принципите врз кои почива правната држава. Доказ за тоа е дека дури денес во 10 часот, на само еден час пред закажаниот почеток, ми беше доставена покана од Собранието да присуствувам на седницата за која ќе се раправа за мое разрешување. Предлогот за мое разрешување не ми е доставен и немам на што да се произнесам“, рече Коцевски.
Тој вели дека е јасно оти предлогот за негово разрешување не е заснован ниту на закон ниту на факти, туку претставува преседан со далекосежни последици врз независноста на Јавното обвинителство.
Македонија
ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово
Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и непостоечки трансакции, записи без соодветна финансиска документација или поткрепени со неверодостојни документи, поради што постои сомнеж за злоупотреба на парични средства, како и незаконско работење со благајната и платежните сметки, соопшти Државниот завод за ревизија.
Со извршената ревизија е утврдено дека во 2024 година, вкупно остварениот дневен пазар, по основ на продажба на лотариски и електронски игри на среќа кај 10 сопствени продажни места на друштвото, изнесува 46.039 илјади денари (746.970 евра), но истиот не бил редовно уплатуван на платежни сметки во деловните банки на друштвото, иако согласно законската регулатива правното лице е должно сите парични средства од дневниот пазар примени во готовина по било која основа да ги уплати најдоцна до следниот работен ден на својата платежна сметка.
Во текот на 2024 година друштвото само во два наврати извршило уплата на име “дневен пазар‘‘ и тоа: во април 2024 година уплатени се 36.364 илјади денари и на крајот на 2024 година уплатени се 15.427 илјади денари. При тоа, ревизорите утврдија дека овие уплати не се од примените парични средства во готово – „дневен пазар‘‘, туку претставуваат средства кои се подигнати како готовина од една и уплатени како дневен пазар на друга сметка на друштвото.
Државните ревизори, исто така, утврдиле дека директорот на Секторот за финансии и сметководство директно исплаќал аванси за мали добивки на дел од деловните соработници (околу 320 правни лица со договор за соработка) во износ од 13.971 илјади денари, без да го користи пропишаниот начин на исплата преку Мастер дилер.
За поголем дел од овие трансакции, во износ од 13.054 илјади денари, доставени се неуредни и невалидни документи или воопшто не се доставени документи, поради што постои несигурност во однос на вистинитоста на евидентираните настани.
„Постојат случаи во кои на деловните соработници, на ист ден им се извршени исплати на парични средства и преку благајна и преку Мастер дилер, без логично објаснување за причините и потребата од овој начин на дејствување. За евидентираните одливи (36.465 илјади денари) и приливи на парични средства (7.897 илјади денари) во готово, по основ на дадени и вратени аванси за исплата на мали добивки кај сопствените продажни места на друштвото, ревизорите утврдија дека поткрепувачката документација е спорна и неверодостојна“, се наведува во ревизорскиот извештај.
Во 2024 година, инстант лотаријата е застапена со 12 различни вида на инстант лозови со добивки во пари и предмети. Ревизорите истакнуваат дека евидентираниот износ на неисплатениот фонд на добивки за инстант лотарија во сметководството е за 63.294 илјади денари помал во однос на износот добиен според централниот on–line систем, што не е во согласност со правилата на играта, ја доведува во прашање можноста за исплата на идните добивки и го загрозува интегритетот на Државна лотарија.
Во текот на 2024 година во Државна лотарија евидентирани се трошоци за реклама, пропаганда, промоција и саеми во износ од 220.823 илјади денари, односно 3.582.811 евра. Во периодот од 2020 до 2024 година, овие трошоци бележат континуиран раст, односно во годината предмет на ревизија истите се 10 пати поголеми споредено со 2020 година.
Ревизорите утврдиле и други случаи во кои не е можно во целост да се потврди наменското и рационално користење на јавните средства за маркетинг активности. Според информацијата добиена од националната телевизија на која се емитувани забавните емисии, во текот на сезоните 2023/2024 и 2024/2025 година биле емитувани вкупно 70 емисии, додека 8 емисии за кои се исплатени вкупно 2.723 илјади денари, не се доставени до друштвото, поради што ревизорите не се увериле дека истите се продуцирани.
Утврдени се неправилности и во управувањето и користењето на објектите земени под закуп, нерационално користење на јавни средства за закуп, нивна реконструкција и реновирање, како и отсуство на сметководствена евиденција за вложувањата во туѓи средства.
Ревизорите во извештајот истакнуваат дека за деловната 2024 година раководното лице на друштвото склучило договори за дело за вршење на привремени работи со вкупно 195 лица, од кои 75 лица не доаѓале на работа и не извршувале работни задачи, а за истите незаконски и ненаменски исплатени се 14.911 илјади денари, односно 241.928 евра.
Неправилности и незаконитости се утврдени и кај трошоците за службени патувања во странство во вкупен износ од 6.041 илјади денари, при што за дел од нив исплатени се издатоци иако истите не биле реализирани (3.331 илјади денари) или биле исплатени без документација која го потврдува трошокот (2.710 илјади денари).
Во овие трошоци, според извештајот, се вклучени и трошоци за репрезентација, посета на културни институции, набавка на облека за лична потреба, сувенири и слично во вкупен износ од 3.092 илјади денари.
„Дел од трошоците за репрезентација се оправдани врз основа на неверодостојни документи. Слични неправилности се констатирани и кај трошоци за одржување на возила и набавка на гориво во износ од 985 илјади денари“, се наведува во извештајот.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче
„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат СДС во заложништво поради нивните криминални бизниси и интереси. Јужноамериканските криминалци Пабло Ескобар и Густаво Гавириа, кај нас пресликани во Зоран Заев и Венко Филипче, ја држат во заложништво партијата која некогаш важеше за партија со кредибилитет и визија“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради нивните бизнис интереси, ја уништија партијата, а чесните кадри во СДС не можат да дојдат до израз. Но, до израз можат да дојдат луѓе како Александар Трајановски, луѓе како Оливер Спасовски, Никола Спасов, мали Фрчко и Жерновски.
Лојални на Заев и Филипче се истите оние луѓе кои ја испокрадоа и продадоа државата. Ете на ова се сведе СДС.
Како може СДС да се реформира, кога се уште се поистоветуваат со аболициран криминалец и доктор кој наместо да спасува животи, тој сакаше да заработи на нивното здравје? Како СДС да се реформира, кога врвот на партијата им е вмешан во криминал? Како СДС да се реформира кога едните исти луѓе скоро 15 години ја узурпираа партијата и ја спаднаа на 120 илјади гласови?
Реформите во СДС треба да дојдат со оставка на Филипче, оградување и дистанцирање од Зоран Заев и воведување на нов кадар во партијата“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

