Спорт
Јокиќ и Денвер му го нанесоа најтешкиот пораз на Лејкерси оваа сезона

Денвер нагетс со неверојатни 133:96 ги совлада Лос Анџелес лејкерс, нанесувајќи им го најтешкиот пораз во лошата сезона за „езерџиите“, по кој паднаа под 50 отсто победи во сезоната и повторно се во лузерска серија од три меча (во кои дозволија 127, 125 и 133 поени на противникот.
Денвер имаа 23 тројки (девет кошаркари постигнаа барем една), и одбраната на Лејкерси немаа одговор за играта на противникот. Јокиќ постигна 14 поени, 10 скока и 10 асистенции за само 20 минути на теренот, што е четврт најбрз трипл-дабл учинок во историјата на мечот, за на крајот да заврши со 17 поени, 12 скока и 13 асистенции. Џеф Грин беше расположен со 26 поени, а Хајлад додаде 27.
Кај Лејкерси, Леброн Џејмс имаше 25 поени, Расел Весбрук додаде 19, а Хауард имаше 13 откако се врати на мечот по повредата на коленото.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Портланд 110:115
Милвоки – Торонто 96:103
Атланта – Њујорк 108:117
Бруклин – Њу Орлеанс 120:105
Мајами – Филаделфија 98:109
Оклахома – Кливленд 102:107
Бостон – Чикаго 114:112
Сан Антонио – ЛА клиперс 101:94
Денвер – ЛА лејкерс 133:96
Далас – Орландо 108:92
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Меси му го посвети голот на Новак Ѓоковиќ

Лионел Меси беше стрелец за Мајами во победата од 2-1 над Филаделфија, а голот го прослави во тениски стил.
Меси беше надвор од терените од 16-ти март поради повреда, ги пропушти меѓународните натпревари со националниот тим, а веднаш по враќањето, тој покажа колку е решителен на теренот.
За многумина овојпат беше помалку важно како Меси го постигна голот, туку како го прослави. Инспирација му беше Новак Ѓоковиќ, со кого неодамна се сретна на турнир во Мајами, каде Новак стигна до финалето.
Lionel Messi dedicates his Goal to Djokovic by celebrating like Djokovic’s forehand shot!
— MC (@CrewsMat10) March 30, 2025
Потоа се сликаа, се дружеа, разговараа, а по голот против Филаделфија, Меси уште еднаш ја покажа својата наклонетост кон најдобриот на сите времиња – го прослави голот симулирајќи удар со форхенд.
Новак дефинитивно ќе биде среќен кога ќе види колкава почит има од оној што многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња и како тоа му го покажува на целиот свет.
Голот на Меси против Филаделфија беше негов втор сезонава во МЛС лигата.
Спорт
Лудница на стартот и нова сприт победа на Марк Маркез

Марк Маркез продолжува да доминира во класата Мото ГП, а по спринтот на патеката Остин го има максималниот учинок во новата сезона, 5 од 5.
Маркез, победи на третата спринт трка од почетокот на сезоната, во која перфектно влезе бидејќи има и две победи во главните трки.
Спринт трката во САД имаше бурен старт, Бањаја успеа брзо да се пробие од шестата на лидерската позиција… Но Италијанецот не издржа долго во битката со браќата Маркез.
Набрзо се беше решено, борбата меѓу двајцата возачи на Дукати беше кратка, Марк го зазеде првото место, а зад него се најде неговиот помлад брат Алекс, па Бањаја мораше да се задоволи со третото место.
Фабио Ди Џанантонио се најде на четвртото место пред неговиот тимски колега Франко Морбидели.
Фабио Квартаро може да биде задоволен со шестата позиција, а зад него е Педро Акоста. Потоа следеа Лука Марини, Аи Огура и Марко Бецеки.
Главната трка се вози во недела од 21:00 часот.
Спорт
(Видео) Реал се мачеше со Леганес, победи со пресврт

Реал Мадрид го преживеа гостувањето на Леганес во 29.коло. Актуелните шампиони славеа со 3:2.
Реал, против екипата која се бори за опстанок до предност дојде во 32.минута, од пенал. Мбапе, слично како Хулијан Алварез во 2Мадрилењо“ дербито со паненка го совлада Дмитровиќ.
И кога сите навивачи на Реал Мадрид на стадионот помислија дека се е решено и дека нивниот тим лесно ќе го реши прашањето за победникот, се случи нешто сосема спротивно.
Само минута подоцна Леганес израмни преку Диего Гарсија, а студен туш за сите следеше во 41. минута кога Дани Раба го принуди Андреј Лунин по вторпат да ја извади топката од мрежата.
Со овој резултат тимот замина на пауза, а во вториот дел од натпреварот Реал успеа да изедначи по само две минути игра.
Беше јасно дека Леганес тешко ќе се одбрани до крајот на мечот.
Ново водство на овој натпревар Реал дојде во 76. минута, кога Килијан Мбапе го постигна својот втор гол на натпреварот. Овој гол може да се припише на голем кикс на гостинската одбрана, бидејќи Французинот изведе слободен удар, а топката мина низ живиот ѕид, кој се раздвои, а Димтровиќ немаше шанса да го брани ударот.