Македонија
Повремено облачно со локален дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. Во одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Компанијата Лидл информира дека на социјалните мрежи, односно на Фејсбук и Инстаграм, се шири лажна наградна игра во која се наведува дека се доделуваат брендирани мини фрижидери. Во објавата се бара од корисниците да кликнат на линк, да пополнат анкета и да учествуваат во наградна игра.
„Ја известуваме јавноста дека оваа наградна игра не е организирана од Лидл, ниту има каква било поврзаност со нашата компанија.
Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични податоци на непроверени линкови, со цел да се заштитат од можни злоупотреби.
Сите официјални информации за наградни игри, промоции и активности, компанијата, кога ќе почне со работа со маркети во Северна Македонија, ќе ги објавува исклучиво преку официјална интернет-страница и преку официјалните канали на социјалните мрежи за што јавноста ќе биде навремено известена“, велат од Компанијата Лидл.
Македонија
Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид.
Од Министерството за транспорт соопштија дека констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот објект.
„Во рамки на своите законски надлежности Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора објектот за понатамошни градежни активности. Против инвеститорот ќе се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи“, се наведува.
Од Министерството велат дека заштитата на Старото градско јадро на Охрид е со цел со цел да се спречат дејства, појави и влијанија со коишто може да настане оштетување, неповратно изменување, уништување или деградирање на споменичната целина.
Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје од 1978 година, како и од „Природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1980 година.
Македонија
Акиов: Не сум гомнар туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи по насилниот инцидент порача дека тој не е „гомнар“, туку борец за правда.
„По однос на видеото од денешната седница на совет во о.Кочани кое актуелно циркулира на социјалните мрежи каде притоа јас со моето однесување сум окарактеризиран и јавно осуден за главен виновник во деградацијата на функцијата советник Ром, сакам да изјавам дека:
1. Правото на говор на советниците е непречено право по деловник за работа на советите во општините во Р.С Македонија. Некултурно, крајно неодговорно, нехумано и деградирачки е постојано да се прави хистерија во советничката сала преку урлање, барање паузи, дофрлување навреди на лична основа среде секое мое излагање на вистината што на ВМРОВЦИТЕ не им иде во прилог.
2. Немањето емпатија со родителите на загинатите деца како и самосвест и доблест за признавање а не префрлање вина за трагедијата повторно заради истата цел – да се зачува политичкиот рејтинг пред локалните избори на ВМРО е голема срамота. Денес чашата беше прелеана од советникот Алексов кој што го испровоцира целиот настан својствено за него.
Јас не калкулирам со мојот авторитет и рејтинг. Јас не сум ,,Гомнар”, јас сум борец за правда.
На Правничката од о.Кочани јавно и се извинувам за ненамерно нанесената повреда“, напиша Акиов.
Акиов и советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Алексов првин влегоа во вербална конфронтација, по што Акиов замавна со пластично шише полно вода кое заврши во главата на вработена во општината.