Контакт

Надворешна политика

Попоски: Политичките несогласувања не се македонски ексклузивитет, важно е како ќе се справиме со овие ситуации

Објавено пред

Политичките кризи не се ексклузивитет во Македонија, Балканот а, ниту, пак, во Европската унија (ЕУ), она што е важно е како ќе се справиме со нив и дали тоа ќе придонесе за јакнење на институциите и државата, порача во средата шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, во пресрет на конференцијата „Париз и Балканот 2016 – главните предизвици и очекувања за Македонија“, односно подготвителниот состанок за Самитот „Западен Балкан 6“ (WB6) кој ќе се одржи на 4-ти јули во Париз, како дел од Берлинскиот процес.

dobivaj vesti na viber

„Ова не смее да биде никаков разубедувачки факт за посветеноста на следниот самит и нашата интеграција во ЕУ, бидејќи доколку така се однесуваа нашите претходници кои се дел од ЕУ, таа можеби немаше ниту да постои. Ако која и да е политичка криза беше фактор да не продолжиме со европската интеграција, тогаш работата ќе беше назад уште во 50-тите години“, изјави Попоски.

Француската амбасадорка Лоренс Оер додаде дека во моментов постои политичка криза и во неколку други земји во регионот и дека она што е во моментов важно е политичките партии да продолжат да разговараат околу изборите и да постигнат договор.

„Во другите земји, исто така, се случува политичка криза во моментот, не само во Скопје и најважно е политичките партии да продолжат да разговараат околу изборите и да се договорат, бидејќи политичката криза не треба да генерира и други видови кризи, односно земјата да се најде во некаква економска криза, сето тоа е нешто што ЕУ воопшто не го посакува. Самитот кој ќе се одржи во Париз е многу важен настан за напредокот на земјата во повеќе области, како што се инфраструктурата, младите и граѓанското општество“, рече Оер.

Запрашан околу тоа како ќе се претстави Македонија на овој Самит, Попоски рече дека сликата за земјата нема да биден ишто полоша од која и да е слика за другите држави во регионот, а може и пошироко. Министерот, исто така, се осврна и на позициите на Бугарија и Грција во однос на можното воведување на економски санкции кон Македонија поради долготрајната политичка криза во земјата.

„Грција е во најдобра позиција да процени колку е неразумно и непродуктивно да се воведуваат санкции и ембарга бидјеќи поминаа низ тоа во 90-тите години и имаат сфатено дека ефектот во ниедно поле не бил позитивен. Нивото на соработка меѓу Македонија и Грција само охрабрува и секоја од земјите членки треба да носи одлуките врз основа на нивното лично искуство, барем во случајот на Грција и Бугарија крајно неразумно е да има било какво конфротирање со Македонија, туку тие земји треба да бидат пионери во промоциајта на македонската интеграција во ЕУ“, додаде Попоски.

Во поглед на тоа дали последните политички случувања ќе имаат ефект за препораката на Европската комисија за почетокот на пристапните преговори, Попоски вели дека состојбата секако ќе ја чини земјата, но дека Македонија мора да се посвети на спроведувањето на итните реформски приоритети.

„Во оваа фаза не зборуваме за препорака, тоа е нешто што го оценува Комисијата и таа во ноември повторно ќе има извештај и видување. И во овој дел политичката криза има цена на чинење, но доколку го задржиме фокусот на спроведувањето на итните реформски приоритети, без разлика на тоа колку брзо ќе се одвиваат другите работи поврзани со политичкиот дијалог, Македонија е земја која има капацитет да води преговори со ЕУ. Остатокот е политичко прашање, Советот носи одлуки врз основа политичка проценка“, заклучи шефот на дипломатијата./крај/мф/бс

Извор: Фото/МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија6 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија7 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија7 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија8 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија8 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија9 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија9 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет11 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа12 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа12 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет12 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија20 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија23 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...