Македонија
Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата
Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион евра. За тоа, адвокатот на Кичеец до судот достави изјава со потпис од Камчев. Таа не е нотарски заведена, а судот ја прифати.
„Изјава од тужителот, со која вели дека нема да има никакви побарувања од третотужениот Зоран Милески, наведе адвокатот Владимир Медарски, заменик на адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Кичеец.
На судењето од затворот „Идризово“ не беа спроведени Катица Јанева и Бојан Јовановски, кои се тужени. Нив ги застапуваат адвокатите Лазар Јанев и Сашо Дуковски.
Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13, но и Зоран Милески-Кичеец, Владата, распаднатото специјално јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство, се тужени од бизнисменот Орце Камчев во граѓанска постапка.
Бизнисменот има поднесено тужба преку која си ги бара тие 1,5 милион евра од случајот „Рекет“. Ова е прво рочиште за овој предмет. И тој не дојде во судот, а него го застапува адвокатот Александар Михајловски.
Нејасно е зошто во граѓанската постапка тужени страни се и СЈО, Републичкото обвинителство и Владата ако се има предвид дека Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот суд, а со која за виновни се прогласени само Јанева, Јовановски и Кичеец, кој призна вина.
Торбата „луј витон“ од „Рекет“, во која Камчеви тврдеа дека имало милион евра, остана непронајдена. За неа се тврдеше дека содржела милион евра за кои имаше претпоставки, но не се докажа каде завршиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

