Црна хроника
Неготинец ја убил мајка си и ја фрлил во контејнер

Неготинец синоќа ја убил својата мајка во станот во кој живееле и нејзиното тело го фрлил во контејнер.
Вработени во комунална хигиена околу 3.40 часот го забележале 23-годишниот неготинец како во контејнер фрла женско тело облеано со крв.
Работниците веднаш пријавиле во полиција, по што момчето било приведено. Убиецот во полициската станица признал дека ја убил својата 56-годишна мајка. Од МВР најавуваат детали за случајот подоцна./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.