Црна хроника
Струмичанец нападнал полицаец оти сакал да му изврши контрола
Струмичанец рано утрово околу 4 часот нападнал полицаец, кој заедно со свој колега сакал да изврши контрола на автомобилот во кој се возел струмичанецот, соопшти МВР.
Полицајците утрово додека вршеле патролна контрола на улицата „Младинска“ , односно на раскрсницата со улица „Тимо Тренчев“ во Струмица, забележале автомобил „Лада“ кој нагло свртел на улица „Крушевска република“.
Бидејќи им станало сомнително, полицајците тргнале по автомобилот за да извршат контрола. Во еден момент од автомобилот излегол дваесет едногодишниот струмичанец, а автомобилот продолжил да се движи.
Полицајците набрзо го запреле автомобилот и додека вршеле контрола, дошол 21-годишниот струмичанец и почнал да го навредува еден од полицајците.
Потоа го удирал со тупаница на левото рамо. Другиот полицаец го спречил насилниот струмичанец и против него е поднесена кривична пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

