Спорт
Барса нуди 45.000.000 евра за 15-годишен Бразилец
Бразилскиот вундеркинд, 15-годишниот Ендрик, е нова цел на најголемите европски клубови. Напаѓачот на Палмеирас има постигнато 172 гола на 175 натпревари во младинските категории. Бразилците тврдат дека конкретна понуда за Ендрик испратиле челнците на Барселона.
Ендрик долго време го следат луѓето од Барселона. Пред неколку недели најдобрите клупски скаути биле да го гледаат на најголемиот У20-турнир во Бразил, наречен Копиња.
Ендрик на тој турнир постигнал пет гола на седум натпревари и, според извештаите, доминирал над постарите фудбалери.
Пораката што скаутите ја испратиле од Бразил е дека Барселона итно мора да реагира. Барселона понудила 45.000.000 евра во три рати.
Правата би била исплатена во моментот кога Ендрик ќе потпише професионален договор со Палмеирас, втората откога ќе ја одигра првата професионална сезона, а третата кога ќе наполни 18 години и кога ќе се пресели во Барслеона.
Проблем за Барселона претставува интересот на другите богати клубови. „Дејли мејл“ тврди дека Ендирк внимателно го следеле Манчестер сити, Ливерпул и Манчестер јунајтед, а Шпанците пишуваат дека во трката ќе се вклучи и Реал Мадрид.
15 year old Endrick with pretty decent ? for Palmeiras in the #Copinha2022
— Nathan Joyes (@NathanJoyes1) January 19, 2022
Plz vote for Endrick of #palmeiras academy for the player of the tournament! https://t.co/3D7lYTX08Z pic.twitter.com/cxVEyVY3TC
— Erik (@grimmace420) January 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Меси не е сигурен дека ќе игра на Мундијалот
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изрази желба да игра на Светското првенство следната година, но само под еден услов.
Поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен продолжува да се истакнува во МЛС лигата, каде што постигна вкупно 31 гол и асистираше за уште 20 за Интер Мајами оваа сезона.
Јасно е дека 38-годишникот нема намера да запре, иако преселбата во САД и неговите години сугерираат дека крајот е близу.
Затоа, дури и Меси не се двоуми во своите изјави и ветувања дека дефинитивно ќе го видиме на Светското првенство следната година. Како услов, тој ја нагласи сопствената подготвеност да им помогне на „гаучосите“ во одбраната на титулата.
„Посебно искуство е настап на СП. Би сакал да играм следната година ако сум подготвен и ако ќе можам да играм улога што би ѝ помогнала на репрезентацијата. Кога ќе започне предсезоната со Интер од Мајами следната година, тогаш ќе можам да проценам дали можам да бидам стопроцентно подготвен на Светското првенство и дали ќе и бидам од корист за репрезентацијата“, рече Меси во интервју за „Ен-Би-Си Њуз“.
Лесно е да се заклучи од неговите зборови дека желбата дефинитивно постои.
„Многу би сакал да играм на Светското првенство и да можам да ја одбранам титулата што ја освоивме во Катар во 2022 година. Играњето за репрезентацијата е сон што стана реалност. Имав среќа да постигнам сè индивидуално и тимски со Барселона, но вистината е дека пропуштив голем резултат со репрезентацијата во мојата кариера. Освојувањето на светската титула со Аргентина беше мојот животен сон. На крајот на краиштата, ако прашате кој било фудбалер каков му е сонот, тој ќе ви каже, титулата светски шампион“, заклучи Меси.
Спорт
Премиер лигата ќе ја укине својата најстара традиција
Современите текови во фудбалот, полека исчезнуваат традиционалните настани што ја обележуваа оваа популарна игра низ историјата.
Дури и Премиер лигата, иако Англичаните се познати по тоа што се многу приврзани кон своите традиции, се откажува од својата најстара традиција.
Класичниот „Боксинг Деј“ полека заминува во историјата. Поради проширувањето на европскиот календар, само еден натпревар ќе се игра на 26 декември.
Легендарниот „Боксинг Деј“, денот по Божиќ кога традиционално се играат бројни фудбалски натпревари во Премиер лигата, заминува во историјата.
Британската традиција што со децении се поврзува со 26 декември, ден за фудбал, празнични собири и шопинг, претрпува радикална промена оваа сезона.
Според весникот „Тајмс“, оваа година само еден натпревар од Премиер лигата ќе се игра на тој ден, што е најмал број натпревари од 1982 година.
Причината за оваа одлука лежи во проширувањето на календарот на европските натпреварувања под покровителство на УЕФА, што директно влијае на распоредот на ФА Купот.
Како резултат на тоа, Премиер лигата беше принудена да ги резервира саботата, 27 декември, и неделата, 28 декември, со цел да ги исполни телевизиските и договорните обврски кон партнерите и клубовите.
Последниот пат кога 26 декември падна во петок, во 2014 година, сите десет натпревари беа одиграни во ист ден.
Денес, клубовите и радиодифузерите го дознаваат распоредот најмалку шест недели однапред, но засега се потврдени само натпреварите до 20 декември.
Сепак, дискусиите сè уште се во тек, па затоа сè уште не е одлучено кои тимови ќе го играат единствениот натпревар на „Боксинг деј“, што барем симболично ќе ја зачува една од најомилените традиции на англискиот и светскиот фудбал воопшто.
Спорт
ПСЖ оствариле рекордни приходи
Пари Сен Жермен оствари рекордни приходи минатата година, беше објавено денес.
Актуелниот шампион на Франција и Европа објави дека минатата година остварил приход од 837 милиони евра.
Во извештајот е наведено дека 175 милиони евра од тоа биле приходи остварени на деновите на натпреварите, а 367 милиони биле комерцијални приходи.
Минатата година клубот доби шест нови спонзори. Приходите не се однесуваат само на фудбалскиот клуб, туку ги вклучуваат и приходите што ги носат женскиот фудбалски клуб, ракометниот клуб и џудо клубот.
Јасно е дека најголем дел од приходите ги генерира фудбалскиот клуб.
Во мај оваа година, магазинот „Форбс“ ја процени вредноста на Пари Сен Жермен на 4,6 милијарди долари, што го прави ПСЖ седми на листата на највредни фудбалски клубови во светот.
Реал Мадрид беше прв на таа листа (6,75 милијарди), по што следуваа Манчестер Јунајтед (6,6 милијарди) и Барселона (5,65 милијарди).

