Контакт

Актуелно

Археолозите веруваат дека го откриле местото на судењето на Исус

Објавено пред

– Давидовата кула во Стариот град во Ерусалим

dobivaj vesti na viber

Археолозите коишто пред 15 години започнале со проширувањето на Кулата Давидова се изненадиле кога копајќи пронаоѓале слој по слој историски остатоци за на крајот да го откријат местото за коешто се убедени дека е она на коешто Исус Христос бил осуден, а тоа наоѓалиште сега е претставено на јавноста, пишува во вторникот американскиот весник The Washington Post.

Археолозите коишто пред 15 години започнале со проширувањето на Кулата Давидова се изненадиле кога копајќи пронаоѓале слој по слој историски остатоци за на крајот да го откријат местото за коешто се убедени дека е она на коешто Исус Христос бил осуден, а тоа наоѓалиште сега е претставено на јавноста, пишува во вторникот американскиот весник The Washington Post.

Археолозите знаат дека зградата којашто е подигната покрај Давидовата кула во која денес е сместен музеј, некогаш служела како завор во времето на Османлиското царство, а во времето на Крстоносните војни таму била бојаџилница на ткаенини.

Амит Ре’ем, археолог од Ерусалим кој пред десетина години со својот тим колеги започнал со ископувањата во Стариот град, истакнува дека заворот е важен дел од истражувањата во Ерусалим, бидејќи ја покажува „историјата на овој град на сосема оригинален и јасен начин“.

Откриени се и остатоци од канализациски систем за кој археолозите веруваат дека лежел под палатата на ексцентричниот крал на Јудеја, Ирод Големиот.

Денес многу христијански аџии во Ерусалим минуваат низ станиците на Патот на Крстот (Патот на солзите/плачот – Виа Долороса) од местото на кое Христос бил осуден од тогашниот римски прокуратор Понтиј Пилат до Голгота, каде што бил распнат.

Меѓутоа, рутата низ кој минуваа оваа патека на Крстот се менувала низ вековите, зависно од владетелите и од тоа што во тоа време се сметало за важно. Така, во византискиот период Виа Долороса започнувала во близина на областите каде што сега се наоѓа музејот во западниот дел од Ерусалим. Дури во XIII век почетокот на оваа патека е преселен до тврдината Антонија, на местото од поранешна римска касарна и близу џамијата Ал Акса.

Расправата за тоа каде се одржало судењето на Исус Христос, што е една од најпознатите сцени од Новиот завет, продолжува и натаму меѓу христијанските теолози, историчари и археолозите, зависно од толкувањето на Евангелието.

Исус од Назарет бил доведен пред Пилат во „праеториумот“, што е латински назив за шаторот на командантот во римски логор. Меѓутоа, праеториумот на Пилат можел да биде во тогашната римска касарна, но исто така и во палатата на Ирод.

Денес историчарите и археолозите се согласуваат дека палатата на Ирод била во западниот дел од градот каде што се наоѓа Давидовата кула и затворот од периодот на Османлиското царство.

Сега, кога затворот е отворен за јавноста, се поставува прашањето дали повторно ќе се менува маршрутата на Патот на Крстот. Експертите веруваат дека нема, но дека затворот ќе стане незаобиколна точка на посетите на христијаните кои доаѓаат на аџилак во Ерусалим.

Директорот на Давидовиот музеј, Еилат Лиебер, истакнува дека музејот веќе започнал да подготвува водичи кои на посетителите ќе им ја објаснуваат историјата на тунелите кои лежат под музејот./крај/мф/сн

Извор: The Washington Post



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те...

Регион4 часа

Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени...

Македонија8 часа

СДСМ избира ново раководство

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство. Со...

Свет8 часа

Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина

Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за...

Топ21 час

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го...

Топ21 час

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50...

Македонија1 ден

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија1 ден

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Македонија1 ден

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет1 ден

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет1 ден

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет1 ден

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет2 дена

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија2 дена

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија2 дена

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија2 дена

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија2 дена

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија2 дена

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ2 дена

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...