Спорт
Коморите немаат голман за осминафиналето на Африканскиот куп на нации
Дебитантите на Африканскиот куп на нации, Комори, ќе мораат да го играат осминафиналето против домаќините Камерун без голман (односно со бек на позицијата на голман) откако нивните гомани или се повреден или се позитивни на КОВИД.
Двајца од трите голмани на островската земја, Мојад Усеини и Али Ахамада имаат позитивни тестови на КОВИД-19 пред понеделничкиот меч, додека првиот голман, Салим Бен Боина има повреда. Вкупно 12 фудбалери на Коморите се во аут поради КОВИД-19.
„Ќе се обидеме да се справиме на било кој начин. Без тренерите, без некои од главните фудбалери и без голмани, ситуацијата е навистина тешка“, вели селекторот Ел Хадад Химиди.
Коморите се најголемото изнеандување на турнирот, откако ги елиминираа четирикратните шампиони Гана со 3:2 победа во групната фаза, три поени кои им донесоа пресметак со домаќинот Камерун. Победникот од овој меч ќе игра со Гвинеја или Гана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рамсдејл во Њукалс

Арон Рамсдејл ќе го брани голот на Њукасл следната сезона, бидејќи „страчките“, со Саутемптон договорија позајмица со право на откуп.
Иако потпиша четиригодишен договор со „Светците“ на 30 август минатата година, само 11 месеци подоцна повремениот репрезентативец на Англија ќе го напушти бродот што потоа во Чемпионшип.
Интересно, Рамсдејл трет пат испадна од Премиер лигата, но ниту еднаш не остана во клубот да брани во понизок ранг, прво Борнмут во 2020 година, а потоа Шефилд Јунајтед една година подоцна. Сега ќе бара среќа во Њукасл, кој ја заврши претходната сезона на петтото место, па ќе игра во Лигата на шампионите. Рамсдејл ќе се бори за место меѓу стативите со 33-годишниот Ник Поуп.
Црно-белите, според извештаите од Островот, платиле „значителна сума“ за да го земат момчето од Стоук на позајмица за една година, а договорот вклучува право за откуп на неговиот договор.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Луис Дијаз го стави потписот на договорот со Баерн

Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз е нов играч на Баерн Минхен, објави германскиот клуб.
Британските медиуми објавија дека трансферот е вреден 65,5 милиони фунти. Дијас (28) потпиша четиригодишен договор со Баерн, со што го заврши својот три и полгодишен престој во Ливерпул.
„Многу сум среќен. Многу ми значи што станав дел од Баерн, тоа е еден од најголемите клубови во светот. Мојата цел е да ја освојам секоја титула, а како тим ќе работиме на тоа секој ден“, рече Дијас по потпишувањето на договорот.
Дијаз (28) е член на Ливерпул од 2022 година, а пред тоа играше за Порто, Атлетико Жуниор и Баранкиља.
Колумбискиот фудбалер одигра 50 натпревари за клубот од „Енфилд“ во сите натпреварувања минатата сезона и постигна 17 гола.
Тој одигра 64 натпревари за колумбиската репрезентација и постигна 19 гола.
Спорт
Откриено е кога и каде ќе се одржи ждрепката за СП 2026

На 5 декември, Лас Вегас ќе биде домаќин на ждрепката за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Иако ФИФА сè уште не го потврди датумот или локацијата на ждрепката, ESPN, повикувајќи се на добро информирани извори, тврди дека Лас Вегас е избран пред градовите кандидати од Канада и Мексико.
48-те земји учеснички ќе бидат поделени во 12 групи од по четири и тоа ќе биде прв пат светското првенство за фудбалери да вклучува дури 48 национални селекции, наместо вообичаените 32, и ќе се одржи во три земји домаќини, во САД, Канада и Мексико.
Домаќините на турнирот, Мексико (Група А), Канада (Група Б) и САД (Група Д), веќе се избрани за своите групи. Натпреварите ќе се играат во единаесет градови во САД, три во Мексико (Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј) и два во Канада (Торонто и Ванкувер).
Локациите за натпревари во САД се поделени во три региони. Њујорк/Њу Џерси, Филаделфија, Бостон, Мајами и Атланта се дел од Источниот регион, Канзас Сити, Далас и Хјустон се дел од Централниот регион, додека Лос Анџелес, Сиетл и областа на заливот Сан Франциско сочинуваат три од четирите градови во Западниот регион.
Стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, ќе биде домаќин на финалниот натпревар на 19 јули 2026 година.
Лас Вегас претходно беше домаќин на ждрепката за Светското првенство во 1994 година, последниот пат кога турнирот се одржа во Соединетите Американски Држави.