Македонија
(Видео) Стоилковски: Нема притвор за производство на дрога затоа што е брат на шефот на кабинет на Ковачевски
38-годишниот И.П. на 24 септември 2020 година бил приведен за производство на дрога. Но до ден денеска нема судска разрешница за овој настан. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали лицето И.П. не добива притвор бидејќи е брат на шефот на кабинет на Ковачевски.
„Зад мене ја следите полициската видеоснимка при акција во скопско Визбегово, каде што според медиумските полициски спектакли, била пронајдена лабораторија за дрога, нелегални садници марихуана, просторија за сушење подготовка за продажба, шприцеви полни со хашиш, смола и што сè не. Претресите се правени во неколку објекти и приведени се три лица, меѓу кои и 38-годишниот ИП”, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
По година и пол, случајот сè уште се влече по судските лавиринти, а наместо притвор како мерка за обезбедување, побарана од обвинителството за И.П., судот на режимот определува домашен притвор и повеќе пати истиот го продолжува.
Според Стоикловски, причината не може да е поинаква освен одолговлекување на случајот, за кога еден ден во иднина случајот добие пресуда, евентуалното време за издржување затворска казна биде скратено со времето минато во домашен притвор, дотолку повеќе, ако воопшто Попов влезе во ќелија.
„Законот и ригорозните мерки, брзото судење, за вакви случаи важи за сите доколку не се роднини или дел од СДСМ”, изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

