Македонија
Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија
Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју за БТВ.
„ Во односите меѓу двете земји се очекуваат резултати од двете страни. На пример, патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде само наша посветеност, наша заложба е Крива Паланка, граничниот премин Клепало од наша страна е завршен. Очекуваме да го завршите од ваша страна. Сметам дека нашите односи не можат да се засноваат само на политичка доверба и политички договор. Треба да изградиме мрежа на соработка со контакти и врски. Луѓе, бизниси, универзитети кои ќе останат цврсто поврзани, дури и ако се наруши политичката соработка, оваа мрежа ќе остане силна“, рече Османи.
Македонскиот министер вели дека би било добра идеја за преговорите меѓу Софија и Скопје, доколку и Бугарија, како и Северна Македонија, направи измени во составот на Мешовитата комисија за историски прашања.
„ Во време кога климата се влошува, и историчарите губат храброст и се трудат да не ги попречуваат политичарите. Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, вели македонскиот министер за надвореши работи.
Во однос на барања од бугарската страна за вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, Османи вели дека Северна Македонија во светот е позната по степенот на колективните права на граѓаните, особено по потпишувањето на Рамковниот договор со кој се воспоставија односи меѓу државата и етничките заедници.
„ Не гледам ништо проблематично за која било друга етничка заедница да се вклучи, да се интегрира, но и да покаже одговорност и лојалност кон државата. Конкретно, можам да зборувам за Рамковниот договор, како претставник на етничка заедница која имаше корист од Рамковниот договор, но тоа не беше само за Албанците и Турците, Србите, Власите и Ромите, туку може и Бугарите станат дел од него“, вели тој.
Османи рече дека во план е првите недели од новата влада да се донесе одлука за испраќање наш амбасадор во Софија, без да каже име и детали.
Османи потсети дека во 2006 година македонскиот парламент издаде извинување до семејствата на жртвите од комунизмот.
Според него, општеството не бега од темата за репресираните Бугари за време на југословенскиот режим.
„Сега сме подготвени да ја претвориме декларацијата во позиција на независната држава Северна Македонија, како и други практични аспекти – пристап до архиви и потоа отворање поединечни случаи, доколку ги има, потребата да се зборува за нив и зошто и да не се процесираат, доколку постои законска можност за тоа“, додава Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче од Прилеп: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица
Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.
„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ – истакна Филипче.
Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.
„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ – рече Филипче.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле
На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април? Кој направи влада после овие настани? Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска? Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста? Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?“, прашуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека „луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа“.
Македонија
Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај
Денешниот ден, 27 април, e најцрниот датум во историјата на нашата демократија и никогаш не смее да се заборават сликите од крвавиот четврток пред седум години, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил. Ковачевски потенцира, дека 27 април е потсетник на едно време на режим, насилство, страв и незивесност.
„Никогаш да не ги заборавиме сликите од крвавиот четврток, сликите на насилниците поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ кои извршија упад во Собранието, се обидоа да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, кои сакаа да да го урнат уставниот поредок. На 27 април пред седум години, се виде до каде може да одат поделбите и омразата, желбата за пресметка со сите оние кои мислат поинаку. Овој датум е потсетник колку лесно опасна, десничарска власт може да ја уништи стабилноста и демократијата, да ја уназади државата. Тогаш не се откажавме од борбата за подобра иднина на граѓаните, за слободна и демократска држава. Нема да се откажеме ниту сега. СДСМ е партија направена од цврст материјал и секогаш на вистинската страна од историјата. Како што не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај. Никогаш повторно режим“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.