Македонија
Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се самоизолирал додека го чекал резултатот туку се појави на прославата на Водици.
Од МВР велат дека кривичните пријави против охридскиот градоначалник, но и против секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, до Обвинителство се поднесени денеска.
„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, СВР Охрид до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид.
Пријавените, на 19.1.2022 година се тестирале за дијагностицирање на коронавирус и наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник Богојавление – Водици одржана во Охрид“, соопштија од МВР.
Градоначалникот Кирил Пецаков веќе изјави дека не се изолирал оти се тестирал за зимување во Банско, Бугарија, а по два дена го повторил тестот и добил негативен резултат, но и покрај тоа го почитувал добиеното решение за изолација и не заминал на зимување.
Секретарот Александар Китески, пак, кој се тестирал заедно со градоначалникот и тој добил позитивен резултат, а подоцна и негативен, изјави дека се сомнева дека некој им ги подметнал позитивните тестови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ
По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС и ДУИ, Артан Груби, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеење на СДС и ДУИ.
Осомничен е, како што велат, за проневера во службата за случајот со државна лотарија.
„Штетата на државата од неговите постапки е над 8 милиони евра со индиции сумата да биде и значително повисока.
Во јавноста беа изнесени сомнежи дека заедно со тогашниот директор на Државна лотарија, Бајрами, биле спроведувани спорни тендерски постапки и исплаќани аванси кон деловни партнери.
СДС знаеле за криминалот на Груби и молчеле и не реагирале.
СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР.
Јавноста очекува институционална разрешница“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара согласно правниот поредок.
Македонија
„Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби“, велат од СДСМ
„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано. Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор“, велат од СДСМ.
„Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д обвинителка избраа на поранешен заменик министер на ВМРО.
Власта има целосна контрола врз обвинителството и судството. Одлуката за куќен притвор ја носи обвинител под Скопското обвинителство каде што за шеф пред само еден месец е избран Анел Фидоски.
Јасно е што се случува. Дилот ВМРО–ДУИ се реализира пред очите на јавноста и му донесе куќен притвор на Груби. Прашањето што останува е само што ќе добие сега ДУИ за возврат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

