Црна хроника
Инцидентот на изборот за ромска убавица поради девојка
Инцидентот на базенот Плаја Виста под Кале на изборот за ромска убавица, доцна синоќа се случил поради девојка, соопшти МВР
Еден од групата која учествувала во инцидентот, дошол на базенот заедно со неговиот братучед за да ја земе сестра му, која наводно била малтретирана од припадник на другата група. Веднаш биле нападнати од припадниците на другата спротивставена група.Еден член од обезбедувањето на базенот, кој се обидувал да ги раздели е полесно повреден.Двете групи гаѓале со камења и по обезбедувањето, а подоцна и кон полицијата, која за да ги раздвои двете групи испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух. Двете групи избегале, а полицијата се уште трага по нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

