Македонија
Средба Ковачевски – Кундурос: Силна поддршка од Грција за почеток на преговорите со ЕУ во најбрзо време
Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Русос Кундурос, амбасадор на Република Грција во нашата држава.
На состанокот се изразени честитки за изборот на премиерот Ковачевски и новата Влада и е констатирано дека има услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави како во областа на енергетиката и економијата така и во сите други области од значење за граѓаните.
Пренесена е и силна и недвосмислена поддршка од Грција и премиерот Кирјакос Мицотакис за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во најбрзо време.
Оценето е дека европските интеграции на Западен Балкан се придонес во регионалната стабилност, можност за имплементација на европските стандарди во државите, а со тоа и развој на регионот, што се гледа како придобивка за сите.
„Премиерот Ковачевски му се заблагодари на амбасадорот Кундурос за поддршката од грчкиот премиер и од Хеленската Република за напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите по членството во НАТО“, соопштија владините служби.
„Решавањето на политичките прашања помеѓу Северна Македонија и Грција со договорот од Преспа отвори простор за развој на економските односи. Како држава, учествуваме во енергетскиот проект ‘Александропули’, трговската размена со Грција е добра и тоа се само некои показатели дека односите меѓу државите се одвиваат во позитивен правец и во таа насока и ја продожуваме соработката“, рече премиерот Ковачевски.
На средбата е разговарано и за други актуелни прашања од значење за двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

