Спорт
Потврдено: Фјури против Вајт во април, Џипси кинг ќе добие 80 отсто од парите!

По преговорите што траеја неколку месеци, Тајсон Фјури ја потврди одбраната на својата ВБЦ-титула против Дилијан Вајт во април откако неговиот агент Френк Ворен ја доби лицитацијата за меч од 30 милиони фунти.
Од овие пари, Џипси кинг ќе добие 80 отсто од парите, односно најмалку 23 милиони фунти, а Вајт ќе се задоволи со нешто повеќе од 6 милиони фунти за својата прва шанса да стане шампион во тешка категорија. Според британските медиуми, мечот ќе се одржи во април на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф.
„Се враќам дома, беби! Подгответе се за најголемата британска пресметка по Ленокс Луис – Френк Бруно. Историјата се пишува тука“, изјави Фјури.
Договорениот меч доаѓа откако Фјури се обидуваше да го убеди британскиот ривал Ентони Џошуа да се откаже од римечот со Украинецот Олександер Усик за да може да се организира меч за обединување на титулите, но на крајот не успеа во преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јапонија против Бразил од 0:2 до 3:2

Фудбалерите на Јапонија по пресвр го победија Бразил (3:2), во пријателски натпревар одигран во Токио.
Јапонците успеаја пред околу 50.000 свои навивачи да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме и за прв пат во историјата да забележат победа над „селесао“.
Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, „кариоките“, дојддоа до предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели.
Во 26-та минута, Енрике го постигна првиот, а Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакета.
Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52-та минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати Јапонија во натпреварот.
Јапонците не застанаа тука, а двоен асистент беше Ито, кој влезе како резерва во вториот дел.
Прво, во 62-та минута, го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71-та минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда го комплетира пресвртот.
За потсетување Јапонија и Бразил обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Левандовски ќе го пропушти „Ел Класико“

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе мора да паузира поради повреда на бутниот мускул на левата нога.
Левандовски (37) се повреди во неделната победа на полската репрезентација над Латвија (2:0), во која постигна и гол.
„Левандовски има повреда на тетивата на левата бутина. Тој е надвор од теренот, а времето на неговото закрепнување ќе зависи од брзината на закрепнувањето од повредата“, се вели во соопштението на Барселона.
Не се познати многу детали за тоа колку долго ќе отсуствува полскиот напаѓач, но медиумите шпекулираат дека паузата ќе трае помеѓу три и шест недели.
Извесно е дека Левандовски ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ против Реал, закажано за 26 октомври во Мадрид.
Спорт
Уште еден Адетокунбо потпиша договор со Милвоки

Милвоки стана првиот НБА тим во историјата кој има тројца браќа под договор. Тоа се Јанис, Танасис и Алекс Адетокунбо.
Бакс официјално објавија дека потпишале договор со Алекс, кој играше за Висконсин Херд, тим од Џи-лигата и подружница на Милвоки, од 2022 до 2024 година.
Сите кошаркарски експерти истакнуваат дека договорот со Алекс не е склучен за зајакнување на играчкиот кадар, туку е одредена отстапка направена кон најдобриот играч, 30-годишниот Јанис, за кој се вели дека наскоро ќе може да го напушти Милвоки.
Уште во 2013 година, Милвоки го избра Јанис како 15-ти пик на драфтот, а за грчкиот супер стар, Баксе сè уште се единствениот клуб во неговата НБА кариера. Со Милвоки, тој освои две титули за најкорисен играч и ја освои титулата во НБА во 2021 година.
Сепак, во последните години, Бакс редовно беа елиминирани во првото коло од плејофот на Источната конференција. Ова, како што тврдат медиумите го тера Јанис да размислува за преселба во некој друг клуб.
24-годишниот Алекс ја започна својата професионална кариера во Мурсија, а во последната година член на Будуќности од Подгорица, ПАОК и Арис. Најстариот брат, 33-годишниот Танасис, е член на Милвоки од 2019 година.