Свет
На изборите во Португалија лично ќе гласаат и заразените со ковид заедно со сите граѓани
Преземени се дополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на лекарите заразени со коронавирус да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.
Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се во изолација поради Ковид-19, па Владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на гласањето, пренесува „Ројтерс“.
Изборната комисија на прес-конференција соопшти дека се исполнети сите услови гласањето да се одржи во апсолутно безбедни услови.
Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди по бројот на заразени со корона, иако последниот бран на сојот омикрон ја намали смртноста и хоспитализирањата, благодарение на високата стапка на вакцинација.
Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи, кои без исклучок претходно ќе добијат маски за лице при влегување во избирачкото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод
Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
View this post on Instagram
– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.
Свет
Столтенберг им порачува на европските лидери да не се плашат од Трамп, туку да соработуваат со него
Шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг им порача на европските лидери да не се плашат од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, туку да соработуваат со него.
Во интервју за Политико, ден пред заминувањето од функцијата, генералниот секретар на Алијансата рече дека скептичните европски влади „треба да направат сè што можат“ за да го убедат Трамп да ја продолжи американската поддршка за Украина, доколку победи на изборите во ноември.
„Кој и да победи на претседателските избори во САД во ноември, мислам дека е важно европските сојузници да се ангажираат за да обезбедат САД да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Столтенберг.
Свет
Трамп: Јас сум единствениот американски лидер за време на чиј мандат Русија не ги нападна соседите
Поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп изјави дека тој е единствениот американски лидер во последните години за време на чиј мандат Русија не ги нападна своите „соседи“, вклучително и Украина.
Во интервју за „Вашингтон пост“, Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немаше да започне војна против Украина додека е тој на власт.
„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене на власт“, истакна тој.