Црна хроника
Ослободителна пресуда за професорот од Драчево обвинет за педофилија

Професорот по историја во гимназијата во Драчево во четврток е ослободен од обвиненијата дека сексуално злоставувал ученици.
Кривичниот суд утврди дека нема докази за кривичните дела за кој се товареше, вршење полови дејствија и задоволување полови страсти врз учениците.
Професорот по историја се товари дека најмалку две години сексуално злоставувал ученици од оваа гимназија. Тројца ученици дале писмени изјави против професорот-педофил во текот на истражните дејствија.
Според МВР, две години, заклучно со 16 декември минатата година, професорот повикувал ученици во неговиот кабинет, ја заклучувал вратата, им покажувал карти со порнографска содржина, порнографски списанија и барал од нив на компјутерите да гледаат порно филмови и порно клипови. Во исто време пријавениот вршел полови дејствија пред учениците./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Полицијата го приведе М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во селото Ракитница, Демирхисарско .
Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претхоно денес беше приведен и М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско, по претрес во којшто беа најдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Црна хроника
Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско: уапсено едно лице

Денеска, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско.
Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот.
Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.