Спорт
Монти Вилијамс ќе го предводи „Тимот Леброн“ на олстар-натпреварот

Тренерот на Финикс Санс, Монти Вилијамс, ќе го води „Тимот Леброн“ на олстар-натпреварот во Кливленд.
Екипите на олстар-натпреварот ги предводат тренерите на најдобрите екипи во конференциите заклучно со 6 февруари. Со победата над Сан Антонио стана јасно дека Финикс Санс ќе биде прв на Западот и по 6 февруари.
Финикс е најдобриот тим во лигата со 40 победи и девет порази.
Вилијамс ќе биде првиот тренер на Санас по Мајк Дентони и сезоната 2006/2007, кој ќе биде тренер на олстар-натпреварот.
Тренерот на „Тимот Дурент“ ќе биде познат по 6 февруари. Познато е само дека тоа не може да биде Док Риверс од Филалделфија бидејќи тој лани беше на олстар-натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гери Невил: Не верував дека Ливерпул ќе оди погоре од петтото место, секоја чест за Арне Алот
Во својот подкаст, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, зборуваше за актуелните настани во Премиер лигата и за новиот шампион Ливерпул. „Црвените“ се на прагот да ја освојат својата јубилејна 20-та титула во Премиер лигата, а тоа би можело да се случи утре доколку го победат Тотенхем (17:30 часот).
Ова значи дека Арне Слот, во својата дебитантска сезона на клупата на Ливерпул, ќе го направи она што многумена пред него не го направија.
„Мислам дека тој одлично ја врши работата, да бидам искрен. На почетокот на сезоната, немаше многу луѓе, дури и меѓу навивачите на Ливерпул, кои ја очекуваа титулата. Не се сеќавам дека некој од нас, професионалните консултанти или аналитичари, рече дека Ливерпул ќе биде шампион. Сите очекуваа трка помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, па она што го направија е навистина голем успех“, рече Невил во својот подкаст, а потоа продолжи:
„Им ја прогнозирав петтата позиција. Очекував природен пад да следи по заминувањето на Клоп, како што се случи со Арсенал по Арсен Венгер или Јунајтед по Алекс Фергусон. Ваквите работи се вообичаени и затоа успехот на Слот добива дополнителна тежина.“
Невил, исто така, ги пофали преговарачките вештини на Слот, кој успеа да ги убеди Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк да ги продолжат договорите со Ливерпул.
„Во текот на целата сезона, го следеа приказни околу договорите на најдобрите играчи, а тој успеа да убеди двајца од најважните играчи за тимот да ја продолжат својата лојалност кон клубот. Во исто време, тој беше смирен цело време и успеваше да го извлече најдоброто од тимот. Да не беше така, да беше поинаков тип тренер, малку е веројатно дека Ван Дајк и Салах ќе одлучеа да останат во клубот“, смета Невил.
Спорт
Веселин Вујовиќ во Куќата на славните

Веселин Вујовиќ, еден од најдобрите ракометари во историјата на Југославија и поранешен селектор на Србија и Црна Гора, е нов член на Куќата на славните на шпанската АСОБАЛ лига.
Омилениот тренер на навивачите на Вардар доби големо признание заедно со Алберто Ентрериос, Кристина Пинеиро, Лоренцо Рико и Валеро Ривера.
Овие пет спортисти беа избрани од навивачите, а жирито само ги потврди желбите на љубителите на ракометот во Шпанија.
Вујовиќ играше во Шпанија седум години и ги носеше дресовите на Барселона и Гранољерс. Со Барселона, тој беше четири пати шампион на земјата и еднаш ја освои Лигата на шампионите. Тој го предводеше Гранолерс до трофеите во Кралскиот куп и ЕХФ купот.
Спорт
(Видео) Лејкерси паднаа во финишот, први победи во плејофот за Милвоки и Орландо

Минесота Тимбервулвс поведоа со 2:1 во плејоф серијата против Лос Анџелес Лејкерс откако победија со 116:104 на домашен терен. Првите победи во серијата од првото коло од плејофот ги забележаа Орландо и Милвоки.
Тимбервулвс во првиот натпревар во Минеаполис го одбранија брејкот направен во Лос Анџелес.
Натпреварот беше полн со пресврти. По почетното водство на Лејкерси од три поени, Минесота ја презеде контролата врз резултатот во првата четвртина со серија од 11-0, во која имаше предност од осум поени. Нов пресврт се случува во втората четвртина. Лејкерси поведуваат со серија од 13-3, која ја држеа до полувремето, кога заминаа со водство од 58:54.
Подобриот почеток на третата четвртина за Минесота му го врати водството на домаќинот. Тимбервулвс поведоа со 85:78, но следеше нова серија од 8-1 на Лејкерси и на самиот почеток од четвртата четвртина стигнаа до израмување 86:86.
Тоа беше моментот во кој гостите последен пат имаа позитивен резултат, бидејќи Минесота постигна пет брзи поени, а потоа ја зголеми разликата на +12.
Во победничкиот тим, најистакнати беа МекДениелс со 30 поени и Едвардс со 29, кои додадоа и осум скока и асистенции. На другата страна, Леброј Џејмс постигна 38 поени со 10 скока. Ривс го следеше со 20, додека Лука Дончиќ успеа да постигне 17 поени, шутирајќи 6/16 од поле и 2/8 за тројки. Тој забележа осум асистенции и седум скока, но исто така го водеше тимот по број на изгубени топки – пет.
Четвртиот натпревар помеѓу Минесота и Лејкерси исто така се игра во Минеаполис во недела навечер во 21:30 часот.
На Истокот, во сериите Бостон-Орландо и Индијана-Милвоки, домашниот терен засега е задржан. Орландо, по голема борба и пред сè со одлична игра во третата четвртина, која ја доби со 24:11, успеа да забележи победа од 95:93 и да го намали актуелниот шампион Бостон на 2:1 во серијата.
Милвоки го стори истото против Индијана. Бакс славеа со 117:101 и ја намалија серијата на 2:1. Јанис Адтетокунмпо постигна 37 поени, 12 скока и шест асистенции, а Гари Трент исто така имаше 37 поени.