Црна хроника
Уапсена скопска нарко група

Седумчлена кримина нарко група била приведена во четвртокот и петокот, соопшти полицијата.
Според истиот извор, приведени се Џ.Д. „Џељо“(30), Н.Ј. (22), В.Б. „Перко“(39), Р.Ѓ. „Роко“(39), Х.Р. (25), Д.Р. (19) и В.К. „Васе“(20) сите од Скопје.
При претрес на повеќе локации низ Скопје, полицијата заплени 937,3 грама марихуана, а се обезбедени и докази за инволвираност на членовите на криминалната група во пет случаи на недозволена купопродажба на марихуана и хероин, при кои се запленети вкупно два килограма и 142 грама марихуана и 4,84 грама хероин. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.