Црна хроника
Дрски кражби во центарот на Скопје, оружен грабеж на пошта, ограбен прилепчанец…
Неколку дрски кражби се случија викендов во центарот на Скопје, а една и во Прилеп, соопшти полицијата.
Според истиот извор, во сабота попладне на камениот мост во Скопје, двајца малолетници од словенечки државјанин побарале пари и откако тој им дал, во моментот кога сакал да го врати паричникот во џебот, едното лице му го грабнало паричникот од рака и почнало да бега, но тој успеал да ги стигне и фати.
Истиот ден вечерта околу 22:10 часот, две лица на Кејот !3 Ноември, спроти сендичарата „Вили“, ја нападнале А.Ј. и и одзеле паричник во кој имала лична карта, трансакциона маестро картичка од Комерцијална банка, уплатена картичка со овластување од „Спектра 91 ДООЕЛ“, студентска легитимација и 900 денари.
Тешката кражба сторителите ја извршиле на тој начин што двете деца ја фатиле за рацете и и ја влечеле ташната, а потоа од истата го одзеле паричникот.
Вооружен грабеж се случи во сабота наутро на објект на Македонски пошти на улица Јани Лукровски, кога вооружен маж со фантомка на главата и пиштол упаднал во поштата и ги натерал вработените да му ги дадат парите.
Се утврдува колкава сума успеал да одземе.
Ноќеска околу 2:10 часот во Прилеп, во влез на зграда бил нападнат С.П од три лица, при што му била украдена чантата во која имал 10.000 денари.
Полицијата трага по сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.