Свет
Бремена новинарка од Нов Зеланд остана заглавена во Авганистан поради ковид-мерките на нејзината земја

Бремената новозеландска новинарка Шарлот Белис беше заглавена во Авганистан поради граничната политика на нејзината земја во врска со Ковид-19.
Нејзината судбина ја пренесоа многубројни светски медиуми, а според последните информации, таа ќе може да се врати дома откога владата, конечно, ѝ понуди можност да се врати во земјата.
Последната понуда од владата на Нов Зеланд, според агенцијата АП, е еден вид чин на попуштање откако тамошните власти претходно инсистираа дека Белис мора повторно да аплицира за место во карантинските хотели во земјата.
Новозеландскиот вицепремиер Грант Робертсон, сепак, денеска изјави дека на Белис ѝ бил понуден ваучер за соба во хотел во карантин.
„Ќе се вратам во мојата татковина Нов Зеланд на почетокот на март за да го родам нашето девојче. Многу сме возбудени што ќе се вратиме дома и ќе бидеме опкружени со семејството и пријателите во толку посебно време“, рече Белис.
Белис (35), која е во 25. недела од бременоста, во неколку наврати неуспешно се обидел да влезе во Нов Зеланд преку системот на лотарија, а потоа поднела барање за итно враќање, но и тогаш била одбиена.
Нејзиниот случај бргу стана голем срам за Нов Зеланд, чии илјадници граѓани во странство чекаат да го напуштат своето место во граничните карантински хотели управувани од армијата.
Белис работеше како авганистански дописник за катарската новинска мрежа „Ал џезира“ за да поднесе оставка во ноември бидејќи е нелегално да се биде бремена и немажена во Катар. Таа потоа полета за Белгија обидувајќи се да добие престој во земјата на својот партнер, хонорарниот фотограф Џим Хејлбрук, кој живее во Авганистан веќе две години.
Сепак, според Белис, целиот процес за добивање дозвола за престој би можел да потрае подолго поради што таа би морало да остане во Белгија со истечена виза. Решението било да не патува од земја во земја со туристички визи додека чека да се породи бидејќи, како што истакна, тоа ќе ја чини пари и ќе остане без здравствена заштита.
Од таа причина таа и нејзиниот партнер решиле да се вратат во Авганистан бидејќи имале виза, се чувствувале добредојдени и оттаму би можеле да ја водат битката за враќање во Нов Зеланд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.