Спорт
Лион со два фантастични гола го победи лутиот ривал Марсеј

Лион стигна до 2:1 победа над Олимпик Марсеј во меч од 14. коло во француската Лига 1 кој претходно беше одложен откако Димитри Паје беше погоден со шише вода од навивачите на ривалот.
Овојпат Паје беше асистент на Матео Гендузи за да ги донесе ОМ во водство в0 10. минута, пред Џердан Шаќири да израмни на 1:1 во 76. минута од мечот, за на крајот да му асистира на Муса Дембеле, кој постигна фантастичен гол во 89. минута за слатка победа.
Марсеј остануваат трети на табелата со 40 поени, далечни 13 од лидерот ПСЖ, додека Лион се на седмото место на табелата со 34 поени.
?⚽️ | WHAT A GOAL FROM MOUSSA DEMBELE TO PUT LYON AHEAD! Lyon 2 – 1 Marseille
pic.twitter.com/L7mvGibsJ6— Football For You (@FootbaIlForYou) February 1, 2022
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4-37167”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона на Ибица се договори со Нико Вилијамс

Нико Вилијамс (22) ќе игра за Барселона почнувајќи од следната сезона, тврдат највлијателните каталонски медиуми и најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.
Конечниот договор меѓу двете страни „падна“ на Ибица, каде што Нико моментално одмара, а каде што претставниците на каталонскиот клуб, предводени од спортскиот директор Деко престојуваа во претходните денови.
Според Романо, тој дел од работата е завршен, како и финансискиот дел од договорот меѓу клубот и играчот, според кој Вилијамс би инкасирал помеѓу седум и осум милиони евра годишно.
Договорот би важел до 2031 година.
Интересно е што на блискиот остров Форментера (половина час со ферибот од Ибица), одмара и тренерот на Барса, Ханси Флик, таму има куќа, но не е познато дали лично се сретнал со фудбалерот и дали бил вклучен во преговорите.
Барселона на тој начин, од вториот обид, како што стојат работите ќе да го добие човекот кој направи чуда со Ламин Јамал на претходното Европско првенство и со „црвената фурија“ ја освои титулата.
Преговори меѓу двете страни имаше и минатото лето, но тогаш помладиот од браќата Вилијамс, реши уште една сезона да остане во Атлетик Билбао.
Вилијамс, по сопствено признание, се покајал за таа одлука, дури и му се јавил на Деко да му каже тоа. тврдат медумите.
Спорт
Салах сака да ја освои „Златната топка“ за својот народ

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека сака да ја освои „Златната топка“ за египетскиот народ.
Салах е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“, откако минатата сезона постигна 34 гола на 52 натпревари во сите натпреварувања. Со 22 гола во лигата, тој му помогна на Ливерпул да ја освои титулата во Премиер лигата и ја освои „Златната копачка“.
„Ако ја освојам, ќе биде одлично. Ако не ја освојам, и понатаму ќе мислам дека мојата кариера е одлична. Но, таа слика ми е во главата, секогаш. Сакам да ја освојам за мојот народ. Тоа нешто ми е секогаш во мислите“, изјави Салах за „Франс фудбал“.
Првиот и единствен играч на Ливерпул што ја освои „Златната топка“ беше Мајкл Овен во 2001 година.
Салах порасна играјќи фудбал со својот брат во египетското село Нагриг.
„Не размислував за тоа кога бев мал, бидејќи кога играш на улиците во Египет, не се гледаш себеси како освојувач на „Златната топка“. Првпат беше споменато кога менаџерот Рами Абас ми зборуваше за тоа. Мислам дека почнав повеќе да верувам во тоа во Ливерпул, а не во Рома“, рече 33-годишниот напаѓач.
„Неколку играчи го освоија трофејот во своите триесетти години, па којзнае? Изгледа дека следната сезона ќе биде возбудлива со нас како ја браниме титулата во Премиер лигата, играјќи во Лигата на шампионите, Африканскиот куп со Египет и Светското првенство“.
Како што објави „ТНТ“, обложувалниците најголеми шанси за освојување на „Златната топка“ му даваат на Усман Дембеле од Пари Сен Жермен, кој ја освои Лигата на шампионите со „светците“ минатата сезона.
Неговиот соиграч Витиња е исто така во конкуренција, како и Ламин Јамал од Барселона,
Во конкуренција се и Килијан Мбапе од Реал Мадрид, Хвича Кварацхелија од Пари Сен Жермен и Рафиња од Барселона.
Престижниот трофеј ќе биде доделен на 22 септември.
Спорт
Валенсија не смета на Столе Димитриевски

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитиревски, по само една сезона ќе ја напушти Валенсија. Тренерот на „лилјаците“, Карлос Корберан, побарал да му донесат нов голман, во моментот кога Георги Мамардашвили замина во Ливерпул.
Столе Димитиревски, пред една година, како слободен играч го напушти Рајо Ваљекано. Во тој момент имаше неколку понуди, тој реши да ја прифати онаа од „Местаља“. Тогаш Валенсија го продаде Мамардашвили во Ливерпул, меѓутоа клубовите договорија Грузиецот да остане на позајмица на „Местаља“.
Покрај Мамардашвили, Димитриевски во првенството одигра само четири натпревари, вкупно 360 минути, настапи и на пет натпревари во Купот на Шпанија.
Тренерот Корбелан, за прв голман го планира Хулен Аригезабала од Атлетик Билбао, кој бара тим каде што ќе биде прв голман, бидејќи повеќе не сака да му биде резерва на Унаи Симон. Резерва ќе му биде Кристијан Риверо, што значи дека за Димитриевски нема место на „Местаља“.
Со овој потег, Валенсија се обидува и да заработи, бидејќи договорот на Димитриевски истекува по завршувањето на сезоната.